Ципрас: Потребно е да се има визија и верба во Балканот и да се прават храбри чекори

Премиерот на Грција Алексис Ципрас, домаќин на средбата на западнобалканската четворка, порача вечерва дека регионот Западен Балкан има пред себе една нова, динамична  перспектива, но, дека е потребно и да се има визија и верба во регионот и да се прават храбри чекори , понекогаш, како што рече, и „против електрична енергија".  - Само со такви чекори можеме да поставиме односи...

Стапи во сила одлуката за забрана на пластични кеси во Албанија

Стапи во сила одлуката на албанската влада за забрана на производство,трговија и употреба на пластични кеси послаби од 30 микрони. - Од денеска е забрането рециклирање и користење на пластични кеси под 30 микрони. Отсега овој производ се смета за незаконски на територијата на Албанија. Затоа, во спроведувањето на оваа одлука, која e во рамките на нашата голема акција „Да...

Огромен пожар беснее на Крит

Пожарникари на Крит се борат со огромен пожар, обидувајќи се да го спречат да не стигне до блиската населба, јавува грчкиот весник „Екатимерини".  Во моментов има 14 противпожарни камиони и 30 пожарникари на теренот, како и противпожарен хеликоптер.  Локалните власти испратија волонтери за да помогнат во гаснењето на пожарот, а на располагање ги дадоа и своите ресурси, наведува „Екатимерини“. 

Полицијата не знае дали мажот и жената во Амсбери биле затруени како Скрипал

Полицијата во областа Вилтшир се уште не знае дали е извршено кривично дело врз мажот и жената, кои во саботата беа пронајдени во критична состојба во нивниот дом во Амсбери. - Во оваа фаза не е јасно дали е извршено кривично дело, изјави  заменик-началникот на локалната полиција  Пол Милс,  додавајќи дека истрагата продолжува „во блиска соработка со партнери“. Четириесет и петгодишниот маж и четириесет...

Орбан: Унгарија ќе помага за враќање на мигрантите во Грција

Унгарија не може и не сака да прима мигранти што ќе бидат вратени од Германија, но е подготвена да помогне за нивно враќање во Грција, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан истакна дека позицијата на Унгарија од почетокот на мигрантска криза била „директна и искрена“, иако тоа понекогаш можеби делувало „непријатно“. - Иста позиција имавме и во 2015 година. Балканската...

Поповски: Владата на Македонија најотворена меѓу владите од регионот

Владата на Република Македонија е на прво место во оценката за отвореност на Владите во регионот. Минатата година во исто такво истражување била на последно шесто место. Министерствата годинава, по истите критериуми, биле рангирани на трето место, а минатата биле исто така на последно. Најдобри оценки има Министерството за труд и социјална политика. Ова го покажува истражувањето поддржано од ЕУ,...

Федерер рутински до третото коло на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер рутински го совлада Словакот Лукас Лацко и се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон. Федерер без многу напор и без загубен сет (6:4, 6:4, 6:1) за 92 минути игра триумфираше против 73-от играч на АТП листата. Бранителот на титулата со оваа победа ја продолжи серијата од 26 освоени сетови во низа на...

Европскиот парламент бара забрана на бракови со малолетници

Европските пратеници денеска побараа во ЕУ да бидат забранети бракови со малолетници и присилните бракови. Со 556 гласови „за" и 63 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција на пленарната сесија во Стразбур, повикувајќи ги сите земји-членки да ги изедначат своите правила по ова прашање. Во резолуцијата, која не е правно обврзувачка, ЕП „ги повикува законодавците, како во земјите членки на Европската унија,...

ЕУ разочарана од реформите во косовското образование: Вложивме 34 милиони евра, а резултатот е нула

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, денеска изрази разочарување од досегашната работа на косовското Министерство за образование, наука и технологија на очекуваните реформи во образованието, јави дописникот на МИА од Приштина. - Образовниот систем треба да тргне од нула. Во областа на образованието досега вложивме 34 милиони евра, но тие не даадоа резултат- рече Апостолова на...

Доверителите на „Агрокор“ спречија банкрот на компанијата

Доверителите на најголемата приватна компанија во Хрватска, „Агрокор“, го одбрија договорот за надмирување на долговите на холдингот, во што ќе се вклучат две руски банки кои ќе преземат 46 отсто од акциите. Околу 80 отсто од 450-те претставници на диверителите гласаа за договорот, со кој се избегнува банкрот на најголемата компанија во регионот на Западен Балкан, во која се вработени...