Концерт на Урош Дојчиновиќ во Кавадарци

Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на традиционалните вкусови и храна во Кавадарци, во организација на ЗМП „Вива ла музика“, концерт ќе одржи Урош Дојчиновиќ, гитарист, композтор, музиколог, педагог и публицист од Република Србија. Урош Дојчиновиќ (1959) студирал класична гитара и книжевност во Белград, дипломирал на Музичката академија во Загреб, а потоа завршил постдипломски студии, одбранувајќи два докторати на интердисциплинарни...

Уапсена демонстрантката која се качи на Статуата на слободата

Демонстрантка која на Денот на незавиноста на САД се искачи на Статуата на слободата во Њујорк беше уапсена од полицијата по четири часа преговори. Тереза Патрисија Окуму се искачи на основата на статуата, која е затворена за јавноста и протестираше против имигрантската политика на САД. Таа беше дел од група демонстранти кои привремено поставија плакат со кој бараа да престане праксата...

Германија депортираше 69 Авганистанци во матичната земја

Германската Влада информираше дека вчера депортирала 69 Авганистанци, чии барања за азил биле одбиени како неосновани. Авганистанците беа пренесени со авион од Минхен до Кабул. Се работи за најголемото групно депортирање на баратели на азил извршено од страна на Германија. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман го поздрави депортирањето и рече дека од неодамна има дозвола од страна на сојузните...

Мажот и жената во близина на Солсбери биле отруени со „новичок“

Мажот и жената, кои се во критична состојба во болница во Вилтшир, биле изложени на нервниот агенс „новичок“, соопшти британската полиција. Тоа е истата супстанца која беше употребена во нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Мажот и жената, двајцата британски граѓани, биле пронајдени во критична состојба во саботата вечер во нивниот дом во Ејмсбери, десетина километри од...

Ново рочиште за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година. Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на претходното рочиште додека сведочеше...

Заев во Сараево ќе ја прими наградата за европска личност на годината

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во работна посета на Сараево, каде ќе ја прими наградата „Златна плакета - европска личност на годината“ од Агенцијата за избор нај менаџер на БиХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери. На оваа традиционална манифестација најавено е присуство на околу 500-тини најуспешни бизнис лидери од БиХ, Европа и светот, претставници од...

Законот за ратификација на Договорот за името повторно пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба повторно да гласа за Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. Се враќа по вторпат на гласање бидејќи Законот не беше потпишан од страна на претседателот на РМ. Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност...

Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ изнесува девет. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе...

Вилијамс во третото коло на Вимблдон, Вознијацки поразена од Макарова

Американската тенисерка Серена Вилијамс со убедлива победа од 2:0 во сетови ја совлада бугарската тенисерка Викторија Томова и се пласираше во третото коло на Вимблдон. Седумкратната шампионка на Вимблдон без многу напор за 68 минути игра ја совлада Томова. Серена првиот сет го доби експресно со 6:1 за 24 минути игра, а во вториот Томова пружи посилен отпор, но сепак го...

Јордан: Приоритет е постигнување прекин на огнот во јужна Сирија

Јордан се надева дека ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во јужна Сирија, со цел да се спречи хуманитарна катастрофа, изјави денеска во Москва јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади на средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Како што јави ДПА, ОН проценуваат дека меѓу 270 и 330 илјади Сиријци се раселени поради копнената и воздушната...