Попладне и за викендот нестабилно време
Нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува од попладне и за време на викендот, најавуваат од УХМР.
Како што соопшти УХМР, услови за нестабилност ќе има и во скопскиот регион. Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.
Утре наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи....
Вашингтон побара апсење на водачите на криминалот
Американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу, побара од Тирана конкретни резултати во апсењето и казнувањето на „водачите на криминалот“.
Во обраќање на трибината „Силата на законот во акција: постигнувања и предизвици“, амбасадорот Лу ги критикуваше полицијата и обвинителството дека потфрлиле на овој план.
- Владата го прифати сериозниот предизвик со кој се соочува Албанија во борбата против организираниот криминал. Сакаме конкретни...
Протест на производителите на лубеници за повисоки откупни цени
Производители на лубеници од неколку села од подбеласичкиот регион денеска со двочасовна блокада на клучката за селото Смоларе, на магистралниот пат Ново Село-македонскобугарска граница, го искажаа својот револт од ниските откупни цени.
Тие бараат средба со министерот за земјоделество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и повисоки откупни цени. Велат дека има откуп, но цената е многу ниска
Додаваат дека тракторска...
Во Ѓаковица се прави список на осомничени Срби
Имињата на повеќе од двесте Срби од Ѓаковица се најдоа на списокот на обвинети за наводни воени злосторства против населението што се сторени во 1998 и 1999 годинана на територијата на оваа општина. Списокот е доставен до Специјалното обвинителство на Косово од граѓанското (албанско) здружение од Ѓаковица, кое има за цел застрашување на Србите и на Црногорците, за да...
Иванов го демантира Заев, нема да го потпише договорот со Грција
Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска ги демантираа тврдењата на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ дека шефот на државата ќе го поддржи Договорот со Грција.
Во соопштението се истакнува дека ставот на претседателот Иванов е непроменет и оти нема да го поколебаат, како што се вели, никакви притисоци, уцени и закани.
- Премиерот Заев со...
Мостар заложник на партиските интереси
Главната причина за тоа што во овој етнички мешан град се немаат одржано избори од 2008 година е тоа што не е постигнат компромис меѓу партиите на Бошњаците и на Хрватите
Претседателот на ХДЗ за Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, ја исклучи можноста за одржување локални избори во Мостар пред редовните што се предвидени во 2020 година. Главната причина за...
„Рак„, „Лав“ и „Девица“ – нови ковани пари на НБРМ за колекционерски цели
Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Рак“, „Лав“ и „Девица“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Цената на кованите пари што се изработени од сребро Ар 925 со тежина од 23,30 грама, изнесува 2.800 денари, информира НБРМ.
На аверсот на кованата пара „Рак“ во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го...
Тачи побарал транскрипт од седницата на ДИК на судењето за „Титаник 2“
Со сослушување на сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев, судењето по предметот на СЈО „Титаник 2“ ќе продолжи на 27 август.
На денешното рочиште беа пуштени два аудио-разговора од т.н. „бомби“ во кои се слуша како поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков разговара со претседателот на ДПА Мендух Тачи и кажува дека потребно е членот на...
Ќе се гради обиколница во Ресен
Во тек е тендер за изработка проект за обиколница во Ресен, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при вчерашната посета на општината.
По средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот информира дека двајцата соговорници заклучиле оти на градот му недостига обиколница.
- Кон средината на август ќе заврши тендерската постапка и веднаш ќе почнеме со изработка на проектот со средства...
Речиси 18 отсто од вработените добиле плата во плик
Со платата во плик работодавците заштедуваат во износот на даноците и на социјалните придонеси што треба да ѝ ги плаќаат на државата, поради што експертите препорачуваат поголеми даночни олеснувања за да се искорени проблемот, кој најчесто е присутен кај најниско платените работни места
Некои од работниците во Македонија, кои имаат формален договор за вработување, добиваат половина плата на сметка, половина...







































