Опра: Не се кандидирам за претседателка на САД

Американската водителка Опра Винфри за британски „Вог“ изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година. - Во оваа политичка структура во која царуваат само лаги, ужаси и заткулисни игри, мислам дека не би се снашла. Тоа не е чиста работа, би ме убила - смета Опра. Се чини, Винфри со оваа изјава им стави крај...

Новиот „Предатор“ открива зошто вонземјаните се враќаат на Земјата

Студиото „Твенти сенчери фокс“ го објави трејлерот за филмот „Предатор: Еволуција“, ново продолжение на франшизата „Предатор“, на режисерот Шејн Блек. Триесет и една година откако Арнолд Шварценегер првпат се соочи со смртоносните вонземјани, кои ги напаѓаа него и неговите борци низ џунглите на Централна Америка, филмот „Предатор“ се враќа на филмското платно. Овој пат филмот е во рацете на човекот,...

Меланија Трамп заработи 100.000 долари од авторски права

Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фотоагенцијата „Гети“, за објавување нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз. Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010 и 2016 година. Доселеничка во САД од Словенија,...

Модерната и застарената технологија здружени во досетливото спасување во Тајланд

Модерната, но и застарената технологија, помогнаа во пронаоѓањето на децата и нивниот фудбалски тренер во пештерата Там Луанг во Тајланд, а технолошките направи би можеле да имаат пресудна улога и во акцијата за нивно спасување, пишува магазинот „Вајрд“.   - Не знаевме какви ќе бидат условите во пештерата, па се обидовме да ја донесеме сета технологија за која што сметавме дека...

Мила Кунис – цел на жолтиот печат

Актерката Мила Кунис изјави за магазинот „Космополитен“ дека е вознемирена поради лажните гласини за развод од нејзиниот сопруг и колега од ТВ-серијата „Луди 1970-ти“, Ештон Качер. - Не читам ништо за себеси. Не знам што точно пишуваат, но јас сега барем еднаш годишно „сум бремена“ и барем двапати годишно „се разведувам“ и „завршувам в болница“. Никој не ги разбира непријатностите...

Наградата за критика за Славчо Димитров

Здружението на ликовни критичари „АИКА-Македонија“ му ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2018 година од областа на ликовната критика на Славчо Димитров за неговиот истражувачки предлог-проект „Ан-архични тела: естетското, корпореалниот материјализам, афектите и политичкото“. Во комисијата беа: Тихомир Топузовски (теоретичар на културата и уметник), Христина Иваноска (ликовна уметница) и Мира Гаќина (историчарка на уметноста и кураторка). Наградата има цел...

Јубилејна 25-та Кичевска ликовна колонија

Утре по дваесет и петти јубилеен пат во единствениот простор за уметничко творење во земјава „Куќата на уметноста“ во селото Кнежино ќе биде отворена Интернационалната кичевска ликовна колонија, низ која во изминатите 25 години продефилирале над 300 уметници и вајари од сите континенти, дел светски познати мајстори на платното и четката, кои создале повеќе од 1.300 дела. На годинашната...

„Холивуд рипортер“: „Бикини Мун“ е трогателен, лажно циничен и безобразен

Одлична рецензија се појави во најпознатиот филмски магазин „Холивуд рипортер“ за филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски. За филмот се вели дека е „импресивна медитација за процесот на создавање документарец“. Во рецензијата, која ја напиша една од најреномираните американски филмски критичарки Дебра Јанг, се вели дека тоа е животворен филм што провоцира на размисла, оди по работ на експерименталната...

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците

Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп чекаа да откупуваат лубеници во Струмица. Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во Струмичко, стои во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. - Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп...

Марина Абрамовиќ: Се вратив дома

Марина Абрамовиќ (71), славната концептуална уметница и мајстор на перформансот, во Музејот на современата уметност во Белград ќе приреди ретроспективна изложба со наслов „Чистач“, кoja ќе биде отворена на 21 септември 2019 година. Изложбата ќе биде поставена само во седум града во Европа, а по Стокхолом, Копенхаген, Осло, Бон, Фиренца и полски Торун, ќе заврши во родниот град на...