На балканскиот самит во Лондон нема да биде формирана Комисија за жртвите од војните

На дневниот ред на Самитот за Западен Балкан што во вторник ќе се одржи во Лондон, нема да биде потпишана Декларација за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за жртвите од војните на територијата на поранешна Југославија од 90-тите години на минатиот век (РЕКОМ). Како што соопшти денеска црногорската невладина организаицја Коалиција за РЕКОМ, формирањето на Комисијата нема...

„Телеграф“: НАТО стравува дека Самитот Трамп-Путин може да има влијание врз безбедноста на Европа

НАТО стравува дека средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, предвидена за по завршувањето на Самитот на Алијансата закажан за 11 и 12 јули во Брисел, би можела да има негативни последици по безбедноста на Европа, тврди лондонски „Сандеј Телеграф“. Според весникот, високи претставници на НАТО стравуваат дека Трамп би можел да започне разговори со Путин...

Петмина загинати во тешка сообраќајка во Косово

Тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа пет лица, од кои три деца, се случи денеска, нешто по 13 часот, на магистралниот пат Сува Река-Дуље во централно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од косовската полиција неофицијално за „Газета Експрес“, изјавија дека сите петмина загинати се членови на едно семејство - двајцата родители и нивните три деца. Полицијата соопшти дека...

Најмалку 14 затруени при истекување хемикалија на варшавскиот аеродром

Најмалку 14 лица се затруени денеска при истекување хемикалија на аеродромот во главниот град на Полска, Варшава. Како што соопшти прес-службата на варшавскиот аеродром, сите затруени лица се дел од аеродромскиот персонал, кои веднаш се пренесени в болница, каде што се наоѓаат под лекарски надзор. Затруените вработени на аеродромот почнале да се жалат на мачнини и главоболки, откако од едно буре...

Мотоциклист од Гостивар загина во сообраќајка во Албанија

Шеесетгодишен мотоциклист од Гостивар го загуби животот во соообраќајна несреќа во Албанија. Несреќата се случила на патниот правец Прењас - Либражд кај местото викано Мостот на Буштрица, во близина на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница. - Македонскиот државјанин Зирди Хасани (60) од Гостивар кој патувал со мотоцикл излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди. Случајни минувачи веднаш...

Ван дер Белен: Сакам силна и соединета Европа

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен истакна дека на Европската унија и на Австрија, поради комплицираната светска политичка ситуација, им се заканува „губење на значењето“.  - Европа мора да одлучи, сакаме ли да продолжиме како досега и да гледаме како ЕУ и Австрија на светската сцена го губат значењето или сакаме посилна Европа која ќе се слуша во светот бидејќи...

ОН: Раселени Сиријци се враќаат од границата со Јордан

Речиси сите Сиријци кои пред борбите избегаа кон границата со Јордан, се враќаат од граничниот премин назад во Сирија, соопшти хуманитарниот координатор на ОН за Јордан, Андерс Педерсен.  Неколку илјади лица избегаа за време на владините офанзиви против бунтовниците.  ОН наведува дека 320.000 лица биле протерани.  Сириската Влада пред неколку денови ги повика граѓаните да се вратат во земјата, откако е намален...

Имобиле нападнат со нож од навивач на плажа

Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Лацио, Чиро Имобиле беше нападнат со нож од фан додека одмарал на плажа во друштво на семејството и пријателите. Според „Газета дело спорт“, Имобиле бил на плажа во близина на Киети, а непознат човек почнал да упатува закани кон негов пријател. Во моментот кога Имобиле му пристапил на човекот, тој се обидел да го нападне со...

Спасени четири од 12-те деца заглавени во пештерата во Тајланд

Спасувачките екипи досега извлекоа четири од 12-те деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти попладнево шефот на спасувачката операција, гувернерот на провинцијата Чианг Рај. Наронгсак Осатанакорн.  Претходно, западните медиуми повикувајќи се на извори во кризниот центар, јавија дека биле спасени шест деца, но Осатанакорн на прес-конференција ги негираше таквите информации. Тој нагласи дека...

Шекеринска: Убедена сум дека мнозинството граѓани ќе кажат „за“ македонска иднина

Убедена сум дека на референдумот мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Ја имаме, нагласува, историската шанса, но ја носиме и историската одговорност.   Според Шекеринска, поважен е односот на сите политички партии кон референдумот, отколку дали ќе...