Концерт на Младинскиот светски џез-оркестар на „Скопско лето“
Младинскиот светски џез-оркестар, предводен од американскиот диригент Луис Бонила, вечер ќе гостува на „Скопско лето“ со концерт во Сули ан од 22 часот. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија.
Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со...
Кинеските власти ги „замолиле“ медиумите да внимаваат со критиките кон Трамп
Во екот на трговските преговори меѓу САД и Кина, кинеските власти им упатиле „замолница“ на медиумите во државата да не користат агресивни и изразено остри ставови кога го критикуваат американскиот претседател Доналд Трамп, јави весникот „Саут Чајна морнинг пост“.
- Изгледа дека кинеската страна вложува напори да избегне дополнително влошување на односите со Трамп и комплицирање на преговарачкиот процес- објави...
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничката несреќа во Турција
Бројот на загинатите лица во железнилката несреќа во Турција се искачи на 24, додека повредени се 338 луѓе.
Спасувачка мисија заврши утрово и сите повредени се однесени во болница.
Пет вагони од патнички воз вчера излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.
Возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото...
Протести во Грција против Договорот од Преспа
Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит.
Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа. Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека Македонија е грчка и со...
Неделава Самит на НАТО во Брисел, Македонија очекува покана
Неделава во Брисел треба да се одржи Самитот на НАТО на кој Република Македонија очекува да добие покана за членство во Алијансата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе одржи брифинг за новинарите пред одржувањето на овој Самит.
По добивањето на поканата за членство во НАТО, Македонија очекува да седне на маса со Алијансата...
Нови рочишта за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“.
Минатото рочиште за предметот „Тортура“ беше одложено поради болест на обвинетиот Филип Атанасов, за што медицинска потврда до Судот достави неговиот адвокат Љупчо Шврговски.
Судијката Александра Ристевска опомена дека ова ќе биде последно одложување и најави дека од наредното...
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови.
Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18, а макималните од 21 до 30 степени целизусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Како што информираат...
Кучињата можат да „намирисаат“ лоши луѓе
Секој сопственик на куче се соочил со случај да се сретне човек, кој без очигледни причини провоцира лаеж на неговиот миленик.
Постои причина за оваа реакција, а таа е дека кучињата можат да ги „намирисаат“ лошите луѓе.
Ние всушност ретко сфаќаме што навистина претставува носот на нашиот најдобар пријател. Додека ние, луѓето, имаме само околу шест милиони мирисни рецептори, нашите четириножни...
На балканскиот самит во Лондон нема да биде формирана Комисија за жртвите од војните
На дневниот ред на Самитот за Западен Балкан што во вторник ќе се одржи во Лондон, нема да биде потпишана Декларација за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за жртвите од војните на територијата на поранешна Југославија од 90-тите години на минатиот век (РЕКОМ).
Како што соопшти денеска црногорската невладина организаицја Коалиција за РЕКОМ, формирањето на Комисијата нема...
„Телеграф“: НАТО стравува дека Самитот Трамп-Путин може да има влијание врз безбедноста на Европа
НАТО стравува дека средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, предвидена за по завршувањето на Самитот на Алијансата закажан за 11 и 12 јули во Брисел, би можела да има негативни последици по безбедноста на Европа, тврди лондонски „Сандеј Телеграф“.
Според весникот, високи претставници на НАТО стравуваат дека Трамп би можел да започне разговори со Путин...






































