Стабилизирање на времето, дожд само на север
Стабилизирање на времето од утре и потопло време најавуваат метеролозите.
Според информациите од УХМР утре само во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд, како и во петок во попладневните часови.
Максималните температури ќе достигнат до 36 степени, а утринските од 10 до 19 степени.
Телефонски разговор Вучиќ – Меркел за регионалната соработка и мигрантите
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за состојбата во регионот и за мигрантската криза, информираа од неговиот кабинет.
Во разговорот Вучиќ и пренел на германската канцеларка Меркел дека смета, Регионалната економска зона и изградбата на авто-патот Ниш-Приштина да се од големо значење за Западен Балкан и ја замолил со својот авторитет и углед да...
Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за...
Кои се трендовите во дигиталната технологија за 2018 година?
Кога се во прашање трендовите, не е важно на што се однесуваат - дали е тоа модата, некој автомобил или, пак, дигитален тренд - патеката е секогаш иста: квалитетот, колку е иновативно и досега невидено, потоа самата функционалност... Сето ова одредува дали трендот ќе се задржи подолго во својот тематски свет или ќе потрае кратко. А кога се работи...
Тајланд: Спасено уште едно дете, вкупно пет се надвор од пештерата
Спасувачките екипи во Тајланд денеска извадија уште едно од 12-те деца кои заедно со нивниот инструктор по фудбал беа заглавени во поплавена пештера. Со ова, бројот на деца спасени од пештерата се искачи на пет.
Очевидци јавија дека амбулантно возило се приближило до влезот на пештерата, и дека се видело како се изнесува личност прекриена со зелени ќебиња, по што...
Дигитализацијата го менува начинот на развивање на фирмите
Воведувањето компјутерски системи и наоѓањето на софтверски решенија во компаниите е неопходно во насока на нивна промоција, како и зголемување на ефективноста и ефикасноста на работењето, кое понатаму ќе доведе до поголема конкурентност
Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот пораст, како и да се иновираат...
Во Босна кинески играчки повлечени од продажба
Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца.
Според Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, повлечени се четири модели играчки увезени од Кина, за кои е утврдено дека се хемиски ризични, бидејќи содржат отровен фталат, пишува „Независне новине“.
Станува...
Поголем дел од Тетово без вода
Дефект на примарна водоводна мрежа, односно на една од главните цевки во Тетово, е причина да нема вода во поголем дел од градот. Јавното комунално претпријатие (ЈКП) од Тетово информира дека во текот на саботата стручните служби утврдиле појава на дефект на цевка Ф-400 на улицата Цветан Димов, во близината на зградата на тетовската полиција. Потоа е прекинато водоснабдувањето...
Бигорскиот манастир исполнет со верници од соседството и од Европа
Во чест на рождеството на свети Јован - Претеча (7 јули), патронот на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, во саботата беше одржана божествена литургија. Со неа чиноначалствуваше надлежниот архијереј на дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, во сослужение со брегалничкиот митрополит г. Иларион, епископот г. Климент Хераклејски, свештенослужители, монаси, хоровите на Бигорскиот манастир и хорот на црквата „Св....
Охридската патријаршија како титуларна црква на царството
ЗОШТО САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО БИЛО СЛОВЕНСКО И МАКЕДОНСКО? (3)
По повод 1.000 години од падот на Самуиловото македонско царство (1018 -2018), доктор Илија Велев, како редовен професор по предметите Византиска култура и Кирилометодиевистика и културно наследство во Институтот за македонска литература и научен советник во Одделението за средновековна македонска книжевност, во неколку продолженија ќе ги образложи историографските елементи од овој мошне...







































