ЕУ со своја армија во 2030 година?
Европската Унија од ден на ден е сѐ поблиску до финализирање на идејата за формирање единствена европска армија што ќе ги заштити државите од Стариот Континент од безбедносните закани какви што се сајбер-нападите, мигрантската криза, тероризмот и ефектите од граѓанските војни околу европските копнени и поморски граници.
Судејќи по динамиката на изјавите на високите функционери во ЕУ, нејзината реализација како...
Судот не дозволи марихуаната да се користи за причест
Суд во САД отфрли барање на Првата црква на канабисот, којашто настојува да се признае марихуаната за причест.
Барањето се разгледува три години, но процесот завршил на 6 јули. Првата црква на канабисот тврдеше дека марихуаната треба да се смета за причест според законот на сојузната држава Индијана за верските слободи.
Во својата аргументација, судијката Шерил Линч изјави дека склоноста Црквата...
Врската помеѓу Хрватска и Македонија низ 30 илјади збора
Првиот голем Хрватско-македонски речник (претходно постоеше само џебно издание) ќе им биде од корист на студентите по македонски јазик во Хрватска, кои, за чудо, секоја академска година ги има сѐ повеќе, оваа година се запишале дури 37 бруцоши. Авторките на речникот велат некои се поттикнати од своето македонско потекло, но повеќето бидејќи едноставно им се допаѓаат македонскиот јазик и...
Разбојништво во обложувалница – одземени над 14 илјади денари
Нешто на 14 илјади денари биле одземени при разбојништвото што засега непознат, маскиран и вооружен со пиштол сторител го извршил синоќа во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“ во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци разбојништвото се случило околу 21 часот при што во објектот, сопственост на М.Е. (38) од Тетово, била само вработената. Непознатиот заканувајќи...
Рот: Договорот за името доказ дека е можно да се надминат и длабоките разлики
Историскиот договор меѓу Грција и Македонија за спорот со името покажа дека е можно да се надминат и длабоките билатерални разлики, доколку се зголеми довербата и постои политичка волја, нагласи денеска државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.
Тој во соопштение, пред учеството на состанокот со шефовите на дипломатиите на западнобалканската конференција во рамки на Берлинскиот процес...
Австрија воведе проверки на границите поради самит на министри на ЕУ
Почнувајќи од денеска на полноќ, Австрија повторно воведе проверки на некои од граничните премини во земјата, мерка за која во Виена наведуваат дека е привремена и не е поврзана со мигрантската криза.
Проверки се воведени на преминот Бренер кон Италија и на Киферсфелден кон Германија.
Причината за оваа мерка е конференцијата на министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ...
Тевдовски: Од победниците на Фин Хакатон до есен очекуваме финални производи
Граѓаните до есен ќе добијат финален производ - веб апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓански буџет од решенијата што победија на Фин Хакатонот. По изборот на победниците, министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека очекува од нив да направат готов производ со кој ќе се доближи Буџетот на РМ и јавните финансии до граѓаните.
Како што истакна министерот за...
Доближувањето на САД со Русија внесува несигурност во Европа
Во пресрет на самитот на НАТО што се одржува на 11 и 12 јули во Брисел, растат тензиите помеѓу 29 земји сојузници, јавi дописничката на МИА од Брисел.
Ова особено е нагласено по писмата што американскиот претседател Доналд Трамп ги испрати до десет земји барајќи од нив да платат повеќе во НАТО буџетот за колективната одбрана и по најавата за...
Тешко повреденото бебе во релативно стабилна здравствена состојба
Здравствената состојба на 14 - месечното новороденче, кое на 7 јули е примено со сериозни повреди на главата е релативно стабилизирана, не е на апарати за дишење и сакаме да почнеме и со негово хранење, изјави денеска доктор Маја Мојсова, раководител на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.
Посочи дека откако било примено бебето направена му е компјутерска томографија, инвестигација со...







































