Шекеринска: Несериозно е ако ја испуштиме втората шанса за НАТО

Македонија ја има поддршката од сите 29 земји членки и очекува покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата. Македонија е пред нов почеток. Имаме историска шанса она што го пропуштивме 2008 сега да го реализираме. Ова го истакнаа на денешната средба со новинарите министерката за одбрана Радмила Шекеринска и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски. - Поканата за...

Ангеловски: Правната држава функционира, напаѓачите на починатото момче ќе одговараат

Насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот врз  Н.С. (21), кој изутрината почина во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ ќе одговараат пред законот. Ова го порача на денешната прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во врска со нападот врз Н.С., кој се случи на 29 јуни од страна на...

На 3 септември Бошкоски ќе сведочи за „Тортура“ на СЈО

Со сведочење на Љубе Бошкоски на 3 септември ќе продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по...

Тетовци се жалат дека постојано им течат фекални води низ улицата

Сопственици на трговски и угостителски објекти во близина на автобуската станица во Тетово велат дека општинските власти со години не реагираат на нивните поплаки за излевање на атмосферската канализација во која има и фекални води. Тие се сомневаат дека во тој дел од градот како и на други места канализацијата од домаќинствата е приклучена на атмосферската па затоа иако...

„Про музика“ – петта книга на музикологот Костадин Костадиновски

Сто и педесет рецензии за концерти на домашни и странски музички уметници, есеи, портрети, интервјуа, занимливости и анегдоти содржи „Про музика“ - петтата книга на музикологот и композитор Костадин Костадиновски. Книгата ја објави Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и беше промовирана во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“, кое е во тек. Костадиновски на промоцијата рече дека книгата е...

Си замина златното дете на македонскиот рокенрол

Момчето со голема харизма и со мила ѕвезда, кое премногу брзо го живееше животот, во последно време подготвуваше нов музички материјал и големо враќање на музичката сцена Со неверување и вчудовиденост, во саботата претпладне одекна веста дека е пронајден мртов, во својот автомобил, младиот македонски пејач и глумец Влатко Илиевски. А само пред неколку дена, на 2 јули, тој наполни...

ЕУ и НАТО ќе потпишат заедничка декларација за соработка

Европската унија и НАТО утре ќе потпишат заедничка декларација за соработка, јави дописничката на МИА од Брисел. Ден пред самитот на НАТО закажан за 11 и 12 јули во Брисел, утре е закажано потпишување на заедничка декларација за помеѓу ЕУ и Алијансата. Европската страна ја претставуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ Доланд Туск, а...

Дескоска: Не отстапуваме од независно судство

Реформските процеси што ги спроведува Министерството за правда за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, беа тема на денешниот состанок на министерката за правда Рената Дескоска, со четиричлената Делегација на Венецијанската комисија, која е во дводневна работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството. На средбата, на која министерката Дескоска беше придружувана  од заменик-министерот Оливер...

Случајот „Агрокор“ – најголемиот пораз за Хрватска, победа за Пленковиќ

Додека ХДЗ и привилегираните доставувачи слават поради постигнувањето на спогодбата за спас на „Агрокор“, даночните обврзници имаат причина за загриженост, пишува „Индекс“ Постигнувањето на спогодбата со најголемите доверители на „Агрокор“ претставува најголема победа за премиерот Андреј Пленковиќ, но тоа претставува и победа на политиката на владејачките партии во Хрватска од деведесеттите години до денес, пишува порталот „Индекс“ во својата анализа...

Падна цената на нафтата на светските пазари

На светските пазари цената на нафтата минатата недела падна, по две недели раст, што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,9 отсто, на 77,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4 отсто на 73,80 долари. Саудиска Арабија ја извести...