Доналд Трамп пристигна во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва допатува во Брисел, каде утре и задутре ќе присуствува на Самитот на НАТО. На патот кон Брисел, Трамп преку Твитер одново побара од сојузниците од НАТО да ги зголемат буџетските средства наменети за одбраната. Many countries in NATO, which we are expected to defend, are not only short of their current commitment of 2% (which is...

Разрешен директорот на КПУ Струга, Арменд Шаќири

Владата на денешната 78-седница го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ - Казнено поправен дом од отворен вид Струга. Како што соопштија од владината прес-служба, одлуката за разрешувањето на Шаќири е донесена на негово барање. 

Вработените во „Еурокомпозит АД Прилеп“ ќе добијат по две плати

Владата на Република Македонија на 78. седница донесе одлука да го измени заклучокот од претходната 77. седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари Според соопштението од владината прес-служба, шест милиони денари ќе бидат обезбедени од АД ЕЛЕМ - Скопје, а пет милиони денари од...

Готемолер: Македонија е на прагот на НАТО

Веќе се подготвуваат драфт документите за да може да се почнат разговорите со претставници во министерствата. Тоа ќе трае неколку месеци, обично три или четири. Во тој момент ќе го имаме т.н. пристапен протокол подготвен и тој ќе биде испратен до сите 29 парламенти и законодавни домови на државите-членки на НАТО за да биде ратификуван во секој од нив....

Меркел: Западниот Балкан треба „да се опреми“ со европерспектива

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Самитот за Западен Балкан во Лондон се заложи за приближување на западнобалканските земји кон ЕУ, нагласувајќи дека регионот треба „да се опреми“ со европска перспектива. Меркел нагласи дека таа е целосно посветена на европерспективата на регионот и покрај противењето на некои членки на ЕУ на брзо проширување на блокот.   Германската канцеларка нагласи дека главна цел...

Мирен протест пред Собрание „Правда за Саздо“

Започна мирниот собир пред Собрание, кој неофицијално беше најавуван преку социјалните мрежи, во чест на загинатиот Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше брутално претепан од тројца насилници, а вчера им подлегна на повредите. Револтираните граѓани повикуваат сите навивачки групи да се обединат и да застанат сложно во одбрана на нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и...

Заев- Могерини: ЕК останува целосно посветена во поддршката за нашата земја во новата фаза на реформите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, оствари средба и со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.   Нa средбата, на која присуствуваа и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и советниците...

Заев: Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан истакна дека се работи за респектибилен собир кој оваа година беше посветен на Регионалната економската соработка како суштински дел од интегративните процеси на Европската унија, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните...

Роналдо: Реал секогаш ќе остане во моето срце

Кристијано Роналдо по девет години минати во Реал Мадрид преминува во Јувентус во трансфер вреден 105 милиони евра. Роналдо по официјализирањето на трансферот објави проштално писмо. - Годините поминати во Реал и Мадрид се веројатно најсреќниот период во мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на клуб и целиот град за љубовта и вниманието кое ми го пружија. Меѓутоа, дојде време...

Британецот затруен со нервен отров се освести

Болницата во британскиот град Солсбери информираше дека Чарлс Роули, еден од двете лица затруени со нервниот отров „Новичок“ минатата недела, се освестил. Роули беше затруен заедно со неговата девојка, Дон Старџис, која почина. Се претпоставува дека двајцата дошле во контакт со игла на која имало траги од „Новичок“. Британските власти ја обвинуваат Русија за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и...