Нема уставна основа Собранието да распише референдум за промена на уставното име на државата, а пратениците немаат мандат да го менуваат

1. Во мојот текст со наслов „Дали и за референдумот ќе бидат заобиколени Уставот и законите?“, објавен во „Нова Македонија“, на 7.7.2018 година, укажав на членот 73 од Уставот на Република Македонија, од кој произлегува дека Собранието не може да распишува референдум за кое било прашање, туку, според оваа уставна одредба, Собранието одлучува за распишување референдум само за одделни...

Потсетник на нашите лудости и радости

По триумфалниот настап на интернационалниот театарски фестивал во Лион со перформансот „Фаличниот месечар и змијата сребренеат во ноќните игри“, кога креативната дружина „Ситуакција“ го поткренуваше духот на белите париски ноќи, Лидија Шопова Д’Џу го создаде ова поетско сведоштво за да остане, по четврт век, потсетник на нашите лудости и радости. Да ги споменам и другите членови на „Ситуакција“, кои...

Сити се засили со Марез

Ријад Марез(27) и официјално е нов член на Манчестер Сити и тој е првото засилување за англискиот шампион во летниот преоден рок. Висината на трансферот на Марез од Лестер во Сити е 60 милиони евра, 10 повеќе од сумата која не беше доволна за овој трансфер да се реализира во јануарскиот рок. Алжирецот со „граѓаните“ потпиша петгодишен договор. Марез во Лестер беше...

Луѓето сметаат дека светот денес е поопасен од пред две години

Повеќето луѓе сметаат дека светот денес е поопасен од што беше пред две години, додека расте загриженоста поради политички мотивираното насилство и оружје за масовно уништување, покажа истражување на шведската непрофитна организација Глобал Челинџис Фаундејшн. Шест од десет испитаници кои учествувале во истражувањето, односно 60 проценти, одговориле дека опасноста се зголемила, оценувајќи дека судирите и нуклеарното или хемиско оружје се...

Лук Бесон обвинет за сексуално насилство

Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз глумица со која работел на неколку проекти претходно. Нови податоци од истрагата велат дека повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ. Обвинувањата кон режисерот се случуваат во период кога неговата компанија Јуропа-Корп се соочува со финансиски проблеми и реструктуирање, по...

Европа како психијатриски санаториум

ОВАА СЛИКА НЕ ЈА СТАВАЈТЕ НЕ ЈА ПОВЛЕКУВА ФЕЈСБУК
Џон Дон, омилен поет и на Јосиф Бродски, англиски метафизички лиричар, кој, меѓутоа, метафизиката ја извлекува од обичните елементарни нешта, она што го нарекува Роман Јакобсон онеобичување, има интересна иако експресивна слика на светот. Со неа тој два века пред Киркегард, Ниче, а потоа и Сартр и Ками, се јавува како претходник на егзистенцијализмот. Имено, Дон Џон, драг читателу,...

Заев за грчки медиуми: По самитот на НАТО партиите ќе ги одредат деталите околу референдумот

По самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдиме елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот, вели премиерот Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што пренесува дописничката на МИА од Атина, Заев изрази надеж дека референдумот ќе биде успешен...

Фатена криминална банда која ограбувала граѓани во Аеродром и Центар

Кривични пријави и притвор заработија шетмина крадци од Скопје за разбојништво и тешки кражби сторени во Аеродром и Центар. Кражбите ги сториле од 15 јуни до 8 јули оваа година, а оштетиле осум лица од Скопје кои биле „олеснети“ за околу 3.500 евра. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави, првата...

Традиционален Петровденски мото – караван денес во Кичево

Одбележувањето на заштитникот на градот и празнувањето на денот на храмот „Свети Апостоли Петар и Павле“, 12 јули, во Кичево ќе биде збогатено и со традиционалниот Петровденски мото - караван, на кој од година во година учествуваат се поголем број возачи од градот, од сите возрасти и на голем број марки мотоцикли, а потврда за интересот на овој караван...

И верскиот туризам носи пари

Последниве две-три години домашните туроператори срамежливо и инцидентно, и тоа по барање од туристите што престојуваат во нашите познати туристички центри, им организираат еднодневни тури до манастирите За верскиот празник Иванден, (7 јули), рождеството на Христовиот крстител, Свети Јован Крстител, патронот на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, престојуваа неколку илјади верници и други посетители. Викендов што измина беа регистрирани неколку...