Трамп: Германија веднаш да ги зголеми расходите за одбрана
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика Германија веднаш да ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти од БДП.
Тој го упати овој повик на работен појадок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на самитот на државите-членки на Алијансата во Брисел.
- Германија е целосно под контрола на Русија, тоа е многу лошо за НАТО. На Русија...
Првпат во историјата паралелен „нобел“ во Шведска
„Нова академија“ е основана за да се потсетат луѓето дека книжевноста и културата треба да промовираат демократија, транспарентност, сочувство и почит, без пристрасност и сексизам. Членовите на ова тело додаваат дека книжевноста сега, кога човечките вредности сѐ повеќе се доведуваат во прашање, станува уште поважна во запирањето на културата на молк и опресија
Во Шведска, група луѓе од областа на...
Англија игра за реприза, Хрватска за чекор напред
За Англичаните победата во вечерашниот полуфинален меч ќе значи второ финале на СП, по она во 1966-та, а прво би било за Хрватите, кои во полуфинале играа и на СП 1998, кога загубија од Франција
Помалку неверојатно, но секако заслужено, Англија и Хрватска вечерва (стадион „Лужники“, Москва, 20 часот) го играат второто полуфинале на Светското првенство (СП) во Русија. За...
Откриен најстариот познат фрагмент на „Одисејата“
Археолозите во Грција го откриле, како што веруваат, најстариот познат фрагмент од епот „Одисеја“ на Хомер.
Група грчки и германски археолози пронашле гравирана глинена плоча во древната Олимпија, родното место на Олимписките игри на Пелопонез, објави вчера грчкото Министерство за култура.
Плочата содржи 13 стихови од 14-наесеттото пеење, каде што Одисеј му се обраќа на својот пријател Еумеј. Првите проценки го...
Скица за портрет на Стефан Хаџи-Николов
Сликарот Стефан Хаџи-Николов е благороден, спокоен и питом човек, кој во уметноста, меѓутоа, освен што овие својства ги вградува во сликите, покажува очигледна склоност кон реткото, избраното, завршното и завршеното, кон совршеното. Ја имам привилегијата да другарувам со овој беспрекорен и чист уметник и сведочам за неговата голема љубопитност и во животот и во уметноста, особено за неговата посветеност...
Што е тоа мобилна архитектура?
„Ти си мобилна архитектура“ на Ирена Пејовиќ е осумдневен мултисензорен настан, кој ќе трае од 10 до 18 јули, во Музејот на современа уметност. Овој настан, како што стои во најавата, кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се: фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на...
Гран при за „Кружно патување на монахот“ во Поградец
Новиот анимиран филм од трилогијата „Кружно патување“, со наслов „Кружно патување на монахот“, во режија на Жарко Иванов, викендов ја освои наградата за најдобар анимиран филм на „Балкан филм фуд фестивал“ во Поградец, Албанија. По светската премиера на филмот во Билбао на фестивалот за анимиран филм „Анимаком“, во август ќе биде прикажан на еден од најважните светски фестивали за...
За книгата „Океан од слики“ на Томислав Османли
(Скопје: „Авант прес“, 2018)
Најновата прозна книга на Томислав Османли, „Океан од слики“ (раскази и каприча), е компонирана како своевиден меланж од постапки, жанрови и теми, јазици и дијалекти, но пред сѐ од слики и зборови според слободната форма на музичкото дело капричо, со што нашиот автор се надоврзува на една своја претходно објавена збирка раскази - „Каприча“ („Магор“, 2009)....
Штрајк на работници на нафтени платформи во Норвешка
Стотици работници на нафтени и гасни платформи во Норвешка почнаа штрајк по одбивањето на предлог-договорите за платите.
Тоа предизвика прекин на работата на нафтено поле, управувано од холандско-британскиот Ројал Дач Шел и влијаеше за скок на цената на „брент" нафтата.
Непосредно по полноќ, кога истече рокот за постигнување на договорот, државниот медијатор во спорот меѓу двата синдиката (Safe и YS) и...
Јубилејно 25. издание на „Охридски трубадури“
На 25. меѓународен музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 6 до 8 септември годинава е најавено учество на над 70 пејачи.
Покрај македонските фолк и поп звезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји: Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика’’ (Србија),...






































