Неонацистката Беате Чепе осудена на доживотен затвор

Неонацистката Беате Чепе денеска е осудена во Германија на доживотна казна затвор поради убиствa, кои ги сторила како член на неонацистичката група НСУ.  Германскиот суд ја прогласи за виновна по 10 точки од обвинението за убиство на 10 лица, осум Турци, Грци и германска полицајка, а убиствата се случиле во период од 2000 до 2007 година. Таа негираше дека е одговорна...

Населбата Лисиче ќе добие ново јавно осветлување

Општина Аеродром почна целосна реконструкција на јавното осветлување во населбата Лисиче. Во рамки на активностите, информираат од општината, се заменуваат старите со нови метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата. Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите....

Лајен: Германија не е руски заложник

Германија не е заложник на руската политика, изјави германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на обвинението на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија е „целосно контролирана" од Москва. - Имаме многу прашања со Русија без никакво сомневање - изјави таа на маргините на самитот на НАТО. - Од друга страна, треба да ја задржите линијата за комуникација меѓу...

Четворица повредени во сообраќајка на патот Крупиште-Пробиштип

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на патот Крупиште-Пробиштип. Од нив тројца се здобиле со потешки пореди. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа во 20:50 часот меѓу автомобил „Голф“ и два мотоцикли. Во несреќата тешко повредени се возачот и сопатникот на мотоциклот марка „Сузуки“, а исто така и на мотоциклот...

Посетителите се дел од музејска поставка во Токио

Посетата на Музејот на дигитална уметност во Токио, на луѓето им дава впечаток дека сонуваат, благодарение на модерната технологија која создава илузии, со што посетителите имаат чувство оти шетаат низ оризови полиња, или се движат низ вселената.  https://www.youtube.com/watch?v=WFyqbr_DBas

Спасени се сите деца од пештерата

Сите 12 млади фудбалери и нивниот тренер се извлечени од поплавената пештера во екстремно ризичната операција во Тајланд. Среќен епилог има неверојатната приказна на фудбалскиот тим, која со денови ја обиколуваше Земјината топка. Не знаеме дали е ова чудо, наука или нешто друго, важно е дека е спасен целиот тим, вели еден нуркач што учествувал во операцијата Се тркаа со...

Одложено рочиштето за „Монструм“ поради болест на судијата

Поради болест на судијата Осман Шабани, судијата Огнен Ставрев судењето за случајот „Монструм“ го одложи за 22, 24 и 31 август. Родителите на убиените деца негодуваа на ова и извикуваа дека ова е нарачно од ДУИ и од премиерот Заев. Судијата Ставрев рече дека не е ништо нарачано, ниту, пак, наместено. Родителите прашуваат како може да се разболуваат судиите само во летен...

Речиси 100 косовски полицајци пред суспензија, земале плата и користеле инвалидски пензии

Речиси сто припадници на косовската полиција се очекува наскоро да бидат суспендирани, бидејќи долги години, додека ја вршеле службата, истовремено незаконски користеле и средства од фондот за борците на поранешаната Ослободителна војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина. Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание пишува дека косовскиот полициски инспекторат испратил допис до генералниот директор на полицијата, со...

Карпош доби нова рекреативна зона

Нова рекреативна зона е поставена во општината Карпош, на кејот на реката Вардар, во близината на алпинистичката карпа. Спортскиот терен е донација од компанијата „Бимилк“, а нивниот гест за општествена одговорност го поздравија граѓаните и градоначалникот на општината, Стефан Богоев. Општинскиот татко истакна дека рекреативната зона ќе овозможи развивање на здравите навики кај граѓаните и локалната заедница. Богоев додаде дека...