Опожарени четири автомобили во центарот на Скопје

Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени.  Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари. Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот...

Федерер елиминиран во четвртфиналето на Гренд слем турнирот во Лондон

Осумкратниот шампион на „Вимблдон“, Роџер Федерер, беше елиминиран во четвртфиналето на Гренд слем турнирот во Лондон.    Минатогодишниот шампион загуби од 6:2, 7:6 (5), 5:7, 4:6, 11:13 од Кевин Андерсон (Јужна Африка) по 4 часа и 14 минути игра, во својот прв натпревар на теренот бр. 1 од 2015 година.   Јужноафриканецот за прв пат во кариерата ќе игра полуфинале на турнирот кој...

Нова функција ќе ги препознава лажните профили на Фејсбук

Фејсбук продолжува активно да се бори против ширењето на навредливи содржини и лажни вести. Компанијата има многу алгоритми кои откриваат и блокираат слични сметки и тестираат нова програма која треба да стане дел од Месинџер. Идејата е апликацијата да ги идентификува сомнителните сметки кои објавуваат несоодветни пораки. Ограничен број на луѓе гледаат дополнителни податоци за сомнителни сметки, како што...

Утре во „Нова Македонија: Каде се заштедите на злетовските рудари?

Злоупотребата на штедните влогови во поштата во Злетово им го смени животот на злетовци, кои идиличниот и на моменти досаден селски живот го заменија со шетање по шалтерите и канцелариите во поштите во Пробиштип и Штип, чии врати тешко се отвораат поради „молкот“ на поштенските работници. „Нова Македонија“ во наредните денови ќе продолжи со истражувањето и ќе се обиде да...

Заев за поканата за НАТО: Радувај се Македонијо

Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, порача премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување. - Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат...

Трамп побарал од членките на НАТО да ги удвојат расходите за одбрана на 4 проценти од БДП

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од 2 проценти од бруто домашниот производ на 4, колку што сега трошат Соединетите Американски Држави. Самитот на НАТО помина во знак на инсистирањето на Трамп до другите 28 членки да почнат сериозно да ја сфаќаат обврската да се одбранат од надворешни напади, и...

Ердоган најави дека министерот за одбрана генерал Акар може да раководи со армијата

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар. Најавата на Ердоган, дадена за телевизијата Си-Ен-Ен Турк, доаѓа откако тој го распушти Врховниот совет на одбраната. Критичарите на Ердоган за овој чекор оценија дека може да води до директна контрола на претседателот врз вооружените сили. Една од...

Јоханис: Романија ја поддржува поканата на НАТО за Македонија

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО. - Треба да ја продолжиме политиката на отворени врати. Романија целосно ја поддржува одлуката да и се врачи покана за членство на Северна Македонија- истакна Јоханес. Тој...

Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази надеж дека во наредните денови Косово ќе добие многу добри вести од Европската унија во врска со визната либерализација, Тачи во интервју за турската новинска агенција Анадолија изјави дека во моментот кога ќе стасаат добрите оценки ќе се отвори можноста и другите институции, како Европската комисија и Европскиот Парламент да ги потврдат достигнувањата на Косово -...

Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата. -На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да...