Утре во „Нова Македонија: Каде се заштедите на злетовските рудари?
Злоупотребата на штедните влогови во поштата во Злетово им го смени животот на злетовци, кои идиличниот и на моменти досаден селски живот го заменија со шетање по шалтерите и канцелариите во поштите во Пробиштип и Штип, чии врати тешко се отвораат поради „молкот“ на поштенските работници.
„Нова Македонија“ во наредните денови ќе продолжи со истражувањето и ќе се обиде да...
Заев за поканата за НАТО: Радувај се Македонијо
Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, порача премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување.
- Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат...
Трамп побарал од членките на НАТО да ги удвојат расходите за одбрана на 4 проценти од БДП
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од 2 проценти од бруто домашниот производ на 4, колку што сега трошат Соединетите Американски Држави.
Самитот на НАТО помина во знак на инсистирањето на Трамп до другите 28 членки да почнат сериозно да ја сфаќаат обврската да се одбранат од надворешни напади, и...
Ердоган најави дека министерот за одбрана генерал Акар може да раководи со армијата
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар.
Најавата на Ердоган, дадена за телевизијата Си-Ен-Ен Турк, доаѓа откако тој го распушти Врховниот совет на одбраната. Критичарите на Ердоган за овој чекор оценија дека може да води до директна контрола на претседателот врз вооружените сили. Една од...
Јоханис: Романија ја поддржува поканата на НАТО за Македонија
Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО.
- Треба да ја продолжиме политиката на отворени врати. Романија целосно ја поддржува одлуката да и се врачи покана за членство на Северна Македонија- истакна Јоханес.
Тој...
Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација
Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази надеж дека во наредните денови Косово ќе добие многу добри вести од Европската унија во врска со визната либерализација,
Тачи во интервју за турската новинска агенција Анадолија изјави дека во моментот кога ќе стасаат добрите оценки ќе се отвори можноста и другите институции, како Европската комисија и Европскиот Парламент да ги потврдат достигнувањата на Косово
-...
Столтенберг: Нема НАТО без промена на името
Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.
-На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да...
Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на „Вимблдон“
Носителот на 12 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ (Србија) повторно покажа дека ја враќа својата најдобра форма и го елиминираше Кеј Нишикори (Јапонија) со 6:3, 3:6, 6:2, 6:2 за два часа и 38 минути игра.
На тој начин Србинот се пласираше полуфиналето на „Вимблдон“, а таму го очекува подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).
Поранешниот...
Општина Гази Баба ќе работи на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора
Општина Гази Баба, заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, ќе работат за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора.
Со заеднички средства ќе изработат студија преку која ќе ги мапираат проблемите, за ефикасно да бидат решени.
Делови од Скопска Црна Гора се прогласени за ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија, две нивоа што означуваат...
Опозицијата му поднесе кривична пријава на Рама
Албанскиот премиер Еди Рама заработи кривична пријава поради „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога.
Кривичната пријава до Обвинителството за тешки кривични дела ја доставија координаторите на пратенички групи на опозициски партии, Едмонд Спахо за Демократската партија, и Петрит Васили за Движењето...







































