САД поднесоа кривични пријави против 12 руски агенти поради изборите во 2016 година
Американскиот заменик јавен обвинител Род Розенстин денеска најави дека специјалниот обвинител Роберт Малер поднел кривични пријави против 12 Руси, офицери на безбендосната служба ГРУ.
Според обвинението, руските агенти биле ангажирани во хакерските напади во кои беа објавени електронски пораки на кандидатката за демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон и нејзини блиски соработници, како Џон Подеста.
Пораките покажаа како Демократската партија...
Словенија поднесе тужба против Хрватска поради спорот за границата
Словенечката Влада соопшти дека денеска пред Европскиот суд на правдата во Луксембург поднела тужба против Хрватска поради неспроведување на одлуката на арбитражата за нивната меѓусебна поморска граница во Пиранскиот Залив.
Во соопштението се посочува дека тужбата е поднесена врз основа на член 256 од Лисабонскиот договор, според кој, земја членка на ЕУ може да поднесе тужба против друга членка поради...
Утре без вода високите зони на улиците „Бојмија“ и „23 Октомври“ во Аеродром
Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100мм на ул. „23-Октомври“- раскрсница со ул. „Бојмија“ прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од висока зона на ул. „Бојмија“ згр. 2, 4, 6, 8 и дел од корисниците од ул. „23 Октомври“, во општина Аеродром.
Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09:00 до завршување на работите за реконструкција.
Тачи: Ако постигнеме договор со Србија, Русија ќе го смени ставот кон Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека ставовите на Русија по однос на косовското прашање се познати, но дека тие ќе се сменат доколку Косово и Србија постигнат договор и Москва ќе се прилагоди на него.
Тачи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, изјави денеска дека тоа му го потврдил и премиерот на Русија Дмитри Медведев, при нивната средба...
Захарова: Лавров засега не ја откажува планирата посета на Грција
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ресорниот министер Сергеј Лавров засега не планра да ја откаже есенската посета на Грција и покрај одлуката на Атина да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез на уште двајца.
Грција ги обвини руските дипломати дека се мешале во внатрешните грчки политички прашања, а според грчките медиуми, тие поттикнувале протести против...
Хан: Да нема блокади при пристапувањето на земјите од Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска побара од членките на ЕУ да не ги блокираат процесите на пристапните преговори на земјите кандидати за членство во Унијата од Западен Балкан.
- Потребно е да ја унапредиме работата на патот до конечната одлука за членство. Таа финална одлука секогаш се носи едногласно, нагласи Хан.
Тој истакна дека Европската комисија во...
Најмалку 55 повредени при железничка несреќа во Египет
Најмалку 55 лица се повредени денеска кога патнички воз излета од шините јужно од египетскиот главен град Каиро, соопшти Државната железница на Египет.
Претходно, египетското Министерството за здравство информира дека при инцидентот биле повредени 34 лица, како и дека на местото на несреќата биле упатени 25 амбулантни возила.
Несреќата се случила крај железничка станица во близина на археолошкиот локалитет Гиза, кога од...
Земјотрес во реонот јужно од Крит
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот јужно од грчкиот остров Крит.
Грчката национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на потресот бил на морското дно јужно од градот Јерапетра.
Како што јави АНА-МПА, само пет минути по овој земјотрес, во истиот регион бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.
Ослободени српските специјалци обвинети за бунт во 2001 година
Специјалниот суд во Белград денеска ги ослободи поранешните припадници на Единицата за специјални операции (ЈСО), кои беа обвинети за „организирање вооружен бунт“ во 2001 година.
Судот изрече едногласна одлука за ослободување на поранешниот командат на ЈСО, Милорад Улемек - Легија, кој не беше присутен на изрекување на пресудата, како и поранешните припадници на единицата Звездан Јовановиќ, Веселин Лечиќ, Драгиша Радиќ,...
Трамп ја охрабри Меј да не попушта во преговорите со ЕУ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика британската премиерка Тереза Меј да внимава при постигнувањето на договорот за Брегзит и да гарантира дека САД и Велика Британија ќе можат слободно да тргуваат во иднина.
Трамп, кој е во посета на Велика Британија, ја критикуваше Меј за нејзиниот пристап кон преговорите со Европската унија и ја обвини дека премногу и попуштила...







































