До 31 август трае јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди
Град Скопје потсетува дека до 31 август оваа година трае јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.
Градот ќе субвенционира 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени еден милион денари.
Се подготвува национална стратегија за дијаспората
Националната стратегија за соработка со дијаспората 2018-2023 е при крај и се очекува да биде донесена до крајот на летото, како прв стратегиски документ што една влада во овие 27 години го работи во делот на дијаспората. Ова го истакнал министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во интервју за МИА.
Националната стратегија, како што објаснил министерот, има четири...
Кој да досуди пенал против национализмот
(НЕ)НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ
Голем број светски државници и претседатели, премиери, кралски екселенции, принцови, џетсет-личности, сите на едно место. Од Владимир Путин и Дмитри Медведев, претседателот и премиерот на Русија, па Мохамед бин Салман бин Абдулазис, принцот на Саудиска Арабија, до Фелипе Шести, кралот на Шпанија, и белгискиот крал Филип со двајцата синови-принцови, потоа Емануел Макрон, претседател...
Јаневски ги повика граѓаните на Струмица на прослава за добивањето покана за членство во НАТО
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска ги повика граѓаните на заедничка прослава за добивањето покана за членство во НАТО.
Во поканата градоначалникот Јаневски истакна дека од осамостојувањето на Македонија поминаа безмалку 27 години и исто толку години трае колективниот сон за приклучување на нашата татковина во Северно-Атлантската алијанса.
-Едно е повеќе од сигурно, Македонија станува 30-та членка на НАТО и ќе...
Владејачките партии заедно со Тачи во среда во Брисел на преговори со Србија
Кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека челниците на државните институции се сретнале вчера за координација пред продолжувањето на преговорите со Србија и договориле заедно да заминат во Брисел, каде што ќе се одржи новата рунда од дијалогот, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Челниците на иниституциите на Република Косово: претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на...
Шекеринска за ИБНА: Постојат многу опасности околу нас, да создаваме сојузници и пријатели
Македонија изгуби историска шанса во 2008 и не можеме да си дозволиме таков луксуз да испуштиме уште една шанса. Нѐ чинеше загубена деценија, а го загубивме и чекорот со нашите соседи, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).
Таа истакнува дека во пресрет на референдумот, фокусот треба да биде на позитивниот...
Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово
Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02:20 часот е пријавен во полициската станица во Тетово.
Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА изјави...
Викендов уште една ларвицидна дезинсекција
Уште една ларвицидна дезинсекција ќе се изврши денеска и в понеделник. Од градот Скопје велат дека авионската дезинсекција против ларвите од комарци ќе се реализира денеска во раните утрински часови, додека, пак, терестричната дезинсекција или уништувањето на ларвите со прскање од земја е планирано в понеделник, 16 јули, во текот на денот.
Од градот и овој пат напоменуваат дека доколку...
Проект „Мој Карпош – моја картичка“
Општината Карпош oд септември 2018 година ќе почне со реализација на проектот „Мој Карпош - моја картичка“. Тоа значи дека наскоро карпошани ќе можат да купуваат поевтини производи, да пијат поевтино кафе и ќе имаат бенефиции и други услуги што ќе ги нудат локалните правни и други видови субјекти што ќе се вклучат во проектот. Досега 230 бизниси имаат...







































