Ердоган побарал од Меркел целосна истрага за неонацистичките убиства
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека побарал од германската канцеларка Ангела Меркел спроведување темелна истрага за националистичката илегална група, додавајќи дека пресудата во судењето против неонацистичката терористичка група „не е задоволителна“.
Неонацистката Беате Чепе пред неколку дена беше осудена во Германија на доживотна казна затвор поради убиства, кои ги извршила како член на неонацистичката група НСУ. Германскиот суд ја...
Николовски: Ниту една влада предвреме не ја отворила темата за откупот на грозје
Пред десетина дена со повеќе од 500 лозари три часа разговаравме за сите проблеми. Впечатокот од нивна страна беше дека ниту една влада досега предвреме не ја отворила темата во делот на откупот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
- За кои било земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите...
Пронајден машки леш во Вардар
Во река Вардар кај село Кочилари, велешко, синоќа во 19 часот пронајден е машки леш.
Поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на река Вардар, во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид
Повредено петмесечно бебе во сообраќајка во Скопје
На улица „Коце Металец“ вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(38) и патничко моторно возило „Форд Фиеста“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Н.(36) двајцата од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило пет месечно бебе кое било во возилото „Цитроен“, кое е задржано на понатамошно...
Пороен дожд утре вечер во северозападна Македонија
Краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи се очекуват утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во северозападните делови од државата.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. Делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува во вторник и среда.
САД и Европа бараат Трамп да го праша Путин за убиените новинари во Русија
Оваа недела се сеќаваме на руската активистка за човекови права и новинарка во „Новаја газета“ Наталија Естемирова, и новинарот на „Форбс“ Пол Хлебников, американски државјанин, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент.
Естемирова беше новинар и работеше во канцеларијата на Центарот за човекови права Меморијал во Грозни, Чеченија, каде на 15 јули 2009 година беше киднапирана и убиена....
Осветена литиската икона во храмот„ Свети Петар и Павле“ во Кичево
Наспроти денот на одбележување на патронот на Кичевскиот храм „ Свети Апостоли Петар и Павле“, Петровден, беше отслужена вечерна богослужба од страна на архиереите од Кичевското архиерејско намесништво. Потоа беше извршен чинот на осветување на литиската икона дело на зографот Илчо Ѓорески од Кичево, додека рамката за иконата ја изработи кичевскиот копаничар- резбар, Марјан Тренески.
-Со вечерашниот чин на осветување...
Чекалниците во кичевската болница како во 19 век
И покрај надежите на граѓаните на Кичево дека по 30 години конечно ќе биде завршена новата болница, сепак нивните очекувања не се остварија, а тие и понатаму ќе мораат здравствените услуги да ги добиваат во болничка зграда изградена пред 90 години и каде што ни минимум не се задоволени стандардите за една здравствена установа. Чекалниците личат на вистински отпад...
Челзи го промовира Сари
Премиерлигашот Челзи денеска го претстави својот нов тренер, италијанскиот фудбалски стручњак, Маурисио Сари.
Сари, кој неодамна го напушти Наполи, во Челзи доаѓа на местото на Антонио.
Договорот на соработката е со времетраење од три години и има вредност 18 милиони евра, соопшти лондонскиоот клиуб.
Заедно со Сари, во пакет од Наполи доаѓа и фудбалерот од средниот ред Жоржињо, а трансферот изнесува 65...
Надлежните институции ќе го истражуваат случајот
ПО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА СЛУЧАЈОТ СО ИСЧЕЗНАТИТЕ ЗАШТЕДИ НА ЗЛЕТОВСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ
Два дена по обелоденувањето на информациите за постоење индиции за злоупотребите со штедните влогови на повеќемина лица што имаат отворено денарски штедни книшки во поштата во Злетово, сѐ уште нема конкретен одговор за бројот на лицата и висината на штетата што е направена со несовесното работење на поштенскиот службеник во...







































