Ердоган: НАТО треба да го зајакне дијалогот со Русија

НАТО мора да ги засили каналите за дијалог со Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за новинарите, кои го придружуваа на самитот на НАТО во Брисел.  - Ја истакнавме потребата да се засили политичкиот и воениот дијалог со Русија за да се минимизираат воените ризици и да се воспостави транспарентност, рече Ердоган. Говорејќи за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд...

Меѓународен влашки етно-фестивал на Пониква

Во рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини денеска се одржа 11. Меѓународен етно-фестивал „За Петровден сите на планина“, чиј организатор е влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје. На фестивалот настапија стотина учесници од шест пејачки групи и фолклорни ансамбли на Власите од неколку градови од Македонија и од Албанија, како и десетина соло изведувачи. Според организаторите на настанот, иницијативата за негово...

Се подготвува јубилејното издание на „Охридски трубадури“

На 25-от меѓународен музички фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 6 до 8 септември, е најавено учество на над 70 пејачи. Покрај македонските фолк и поп-ѕвезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји: Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика“ (Србија), Мерима...

„Би џиз“: добрите момци на поп и дискомузиката

„Би џиз“ е австралиско музичко трио формирано во 1958 година, кое го сочинуваат браќата Бари, Робин и Морис Гиб. Заштитен знак на оваа група се оригиналниот звук, пискавите гласови и хармонијата во пеењето. Нивната кариера може да се подели на два дела: како успешна поп-група во доцните 1960-ти и раните 1970-ти и како дискогрупа од доцните 1970-ти години на...

Куманово доби Центар за упатување на жртви од сексуално насилство

Во просториите на кумановската болница денеска беше отворен Центар за жртви од сексулано насилство. Центарот е резултат на мултисекторската соработка на министерствата за здравство, труд и социјална политика, внатрешни работи, а се реализира со поддшшка на УНДП и УНФПА и организацијата Хера. По потпишувањето на Истанбулската конвенција,  во Македонија ќе се отворат центри во Тетово и Скопје, за што УНДП...

Кристина Божурска и Николче Славески – стипендисти на школа во Приштина

Добитници на стипендија за учество на летната школа за 2018 година што проектниот простор „Прес ту егзит“, како партнерска организација на организаторот, Центарот за современа уметност од Приштина, им ја доделува на двајца македонски стипендисти, се уметниците Кристина Божурска и Николче Славески. Тие ќе имаат можност да учествуваат во програмата за 2018 година, која ќе се одржи во периодот...

Мицковски: Формирањето на ДИК не е издвоено прашање

Формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) е дел од пакет мерки и не треба да се гледа издвоено. ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот ништо не се знае зашто не е дефинирано ниту прашањето, изјави претседателот на ВМРО Христија Мицковски при денешната посета на Прилеп. -Не смее ДИК да се гледа како издвоено прашање. Тоа беше дел...

Објавен романот „Патник“ од Сретен Асановиќ

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, во рамките на едицијата „Сто словенски романи“ (проект во кој соработуваат тринаесет словенски земји), неодамна го објави романот „Патник“ од црногорскиот автор Сретен Асановиќ. Се смета дека Асановиќ во најголема мера го носи и со својот книжевен опус го потврдува епитетот бард на црногорската национална книжевност, на црногорската етика и естетика. Тој е автор...

Стоби го доби првиот аудиоводич за археолошки локалитет во земјава

Првиот аудиоводич за археолошки локалитет во Република Македонија од завчера започна да се употребува на Стоби, а е изработен од истоимената Национална установа за управување со археолошкиот локалитет, во соработка со софтверската компанија „Г6 солушнс“ од Скопје. - Во чекор со најсовремените пристапи за управување со посетители при посета на археолошки локалитет, овој аудиоводич ќе му помогне на секој посетител...

Охрид е македонско огледало на европската култура

Романските уметници Елена Мошуц и Калин Братеску, во придружба на уметниците од Македонската филхармонија, предводени од маестро Николае Молдовеану, завчеравечер на Античкиот театар го отворија годинашното издание на „Охридско лето“ Со најпознатите италијански и француски арии за сопран и тенор, во изведба на романските уметници Елена Мошуц и Калин Братеску, во придружба на уметниците од Македонската филхармонија, предводени од маестро...