Ѓоковиќ го победи Надал, ќе игра во финалето на Вимблдон

Поранешниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) ќе игра во финалето на Грен слемот во Лондон, откако попладнево го победи Рафаел Надал (Шпанија) со 3-2, по сетови 6:4, 3:6, 7:6, 3:6 и 10:8. Мечот траеше 5 часа и 21 минута, а се играше во два дена, бидејќи вчеравечер беше прекинат околу полноќ при резултат (2-1), а се доигра денес. Србинот ќе...

Од топлотен бран во Јапонија починаа шест лица

Најмалку 6 лица починаа, а над 1.500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.  Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои...

Косово заштити со Закон 21 земјоделски производ, 30 отсто повисока царина за увезените

Сите видови овошје и зеленчук, кои влегуваат во Косово од други земји, од 18-ти овој месец, како привремена мерка, ќе плаќаат 30 отсто повисока царина од досегашната, јави дописникот на МИА од Приштина.  Одлуката на косовската Влада ја објави министерот за трговија и индустрија Бајрам Хасани, кој информира дека до оваа мерка е дојдено „по широка анализа и консултации со...

Путин ќе учествува на доделувањето на наградите

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на церемонијата на доделување на наградите по завршувањето на финалето на Светскиот фудбалски шампионат 2018 година. Путин исто така ќе го проследи и самото финале меѓу Франција и Хрватска. - Владимир Путин на 15 јули ќе присуствува на церемонијата на затворање на Светското првенство во 2018 година и ќе го гледа финалниот натпревар меѓу репрезентациите...

Трамп ја обвини администрацијата на Обама во однос на руската интервенција на изборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини администрацијата на својот претходник Барак Обама за неактивност во врска со тврдењата за руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година. Федерален судски совет вчера објави дека вработени во руското воено разузнавање преку хакерски операции ги следеле компјутерите на Хилари Клинтон и на Демократската партија за време на предизборната кампања и украле...

Мбапе: Не е лесно, но јас сакав таков живот

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе и да сака веќе не може да се однесува како „обичен“ човек. - Дали е тешко да останете обичен човек со таква слава? Не можам да бидам обична личност повеќе. На пример, седите дома и ви текнува да одите на прошетка за да јадете сладолед. Тва веќе за мене е завршено. Јас дури...

Шампионат во брзински автомобилизам во Кичево

Сезоната во брзински автомобилизам на кружни патеки, се отвора викендов со првата трка од Шампионатот за 2018 година, ќе се вози на патеката во Кичево, со што авто трките по подолг период се враќаат во домашниот календар. -Викендов  на автодромот во Кичево, со првиот натпревар од Шампионатот во брзинскиот автомобилизам на кружни патеки за 2018 година, стартува новата сезона. За...

Спасовски-Гаши: Соработка помеѓу двете министерства е успешна и на политичко и на оперативно ниво

Унапредувањена билатералната полициска соработка со цел да се зајакне борбата против организираниот криминал како и подобрување на протокот на патници на граничните премини помеѓу Македонија и Косово, биле дел од темите за кои денеска во Скопје разговорале министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово, Оливер Спасовски Бејтуш Гаши. Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски ги презентирал досегашните искуства и...

Ердоган: НАТО треба да го зајакне дијалогот со Русија

НАТО мора да ги засили каналите за дијалог со Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за новинарите, кои го придружуваа на самитот на НАТО во Брисел.  - Ја истакнавме потребата да се засили политичкиот и воениот дијалог со Русија за да се минимизираат воените ризици и да се воспостави транспарентност, рече Ердоган. Говорејќи за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд...

Меѓународен влашки етно-фестивал на Пониква

Во рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини денеска се одржа 11. Меѓународен етно-фестивал „За Петровден сите на планина“, чиј организатор е влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје. На фестивалот настапија стотина учесници од шест пејачки групи и фолклорни ансамбли на Власите од неколку градови од Македонија и од Албанија, како и десетина соло изведувачи. Според организаторите на настанот, иницијативата за негово...