Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гостивар
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство", во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата...
Земјотрес од 4,5 по Рихтер регистриран во Албанија
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.
Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Јункер на средба со Трамп во Вашингтон на 25 јули
Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на 25 јули ќе отпатува во Вашингтон, каде во Белата куќа ќе оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти ЕК.
Тие ќе разговараат за „продлабочена соработка" помеѓу ЕУ и САД, за широк спектар на прашања, вклучително и надворешната политика, безбедноста, борбата против тероризмот, енергетската безбедност и економскиот раст.
Јункер и Трамп ќе...
Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии
Собранието на Република Македонија попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред што не беше изгласано од владејачкото мнозинство, кое со измените предлага ДИК да се...
Харадинај: Косово утре ќе добие препорака за визна либерализација
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека утре Европската комисија ќе го објави извештајот во врска со исполнувањето на последниот критериум за визна либерализација за Косово и дека е оптимист дека тој извештај ќе биде позитивен, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај, пред заминувањето утре ,заедно со претседателот, Хашим Тачи и собранискиот спикер, Кадри Весели, во Брисел, каде што треба...
Заев закажа лидерска средба за утре во 18 часот
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев за утре во 18:00 часот во Клубот на пратенциите закажа лидерска средба.
- Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во...
ЕК повторно ќе го казни Гугл со милијарди евра
Европската Комисија се подготвува утре да најави уште една казна од повеќе милијарди евра за Гугл за случајот Андроид. Се очекува казната да биде рекордно висока, според повеќе европски извори.
Европските власти утре би требало да ги најават санкциите против дигиталниот гигант поради злоупотреба на неговата доминантна положба на пазарот преку системот Андроид. Во 2017, Европската Комисија веќе еднаш му...
Иванов-Додон: Македонија и Молдавија да ја интензивираат економската соработка
Македонија и Молдавија се две пријателски земји, меѓу кои постојат потенцијали за соработка, кои за жал не се доволно искористени. Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог и на соработката меѓу институциите од двете земји, со цел зголемување на економската соработка и трговската размена, е пораката што ја упатија претседателите на Република Македонија, Ѓорге Иванов и на Република Молдавија, Игор...
Згуридис: Или ратификација со 180 пратеници или народот да одлучи
Нашата позиција е јасна и опфаќа две работи или 180 пратеници или народот, вели потпретседателот на Независни Грци, Панајотис Згуридис, во однос на ратификацијата во грчкиот Парламент на Договорот од Преспа.
Во интервју за грчкото радио „Реал фм“ тој ја повторува позицијата на коалицискиот партнер во грчката Влада дека решението меѓу Македонија и Грција треба да биде изгласано со зголемено...
Кинг: ЕУ мора да се бори против ширењето терористички содржини преку Интернет
Европскиот комесар за безбедност Џулијан Кинг изјави дека земјите од Европската унија ќе мораат заеднички да се борат против ширењето на екстремистички содржини преку Интернет.
- Секој терористички напад на европско тло во изминатата година е поврзан со ширењето терористички содржини на интернет, изјави британскиот еврокомесар, кој ги повика земјите од ЕУ да ги координираат своите активности во оваа сфера.
Кинг...







































