Општина Гази Баба ќе гради дневен центар за децата со посебни потреби
Општина Гази Баба доби грант од УНДП во вредност од 30 илјади евра, за изградба на нов дневен центар за деца со посебни потреби.
Според градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој е и претседател на Скопски плански регион, со овие средства, значително ќе се подобрат условите во дневните престои за децата од ранливите категории.
Покрај ова, денеска беше потпишан и...
Победата на СП го зголеми моралот на Французите, но не и популарноста на Макрон
Освојувањето на фудбалското Светско првенство ги претвори Французите, долгогодишни песимисти, во оптимисти, но не ја зголеми популарноста на претседателот Емануел Макрон, покажа анкетата на Институтот Одокса.
Околу 62 отсто од анкетираните Французи, на 16 јули, еден ден по победата на Франција од 4 : 2 над Хрватска во Москва, сметаат дека сега се оптимисти за иднината.
Во март 2016 година, кога Институтот...
Трамп: Поради мене НАТО подобро се финансира
Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека лично тој е заслужен за силата на НАТО, организација која досега честопати ја критикуваше.
Организацијата на Северноатлантскиот договор подобро се финансира „само поради мене", напиша Трамп на Твитер.
„Имав одличен состанок со НАТО. НАТО беше слаб, сега е повторно силен (лошо за Русија). Медиумите само говорат дека сум бил непристоен кон лидерите, никогаш не...
Хан и порача на Тирана дека нема време за губење
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, попладнево на заедничката седница со албанската влада порача дека не треба да се губи време и оти подготвителниот процес е прва фаза од преговарчкиот процес.
- Треба да се гледа како на можност да се разговара за најновите случувања во односите на ЕУ и Албанија и, се разбира, премиерот се осврна на...
Во Шпанија оваа година пристигнале повеќе мигранти отколку во Италија
Меѓународната организација за миграција соопшти денеска дека оваа година во Шпанија по морски пат пристигнале повеќе мигранти и бегалци отколку во Италија.
Во Шпанија до 15 јули пристигнале 18.016 мигранти, додека во истиот период на територијата на Италија пристигнале 17.827 луѓе, се наведува во соопштението на Агенцијата за миграција на ОН.
Хуманитерните групи пријавиле пораст на бројот на преминувања во Шпанија...
Владата предложи ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство
Собранието на Република Македонија не успеа да го усвои дневниот ред на 53. седница бидејќи пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, еден по еден, бараат промени во редоследот на дневниот ред откако владејчкото мнозинство ја изгласа потребата за носење на измените на Изборниот законик, во делот на избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Собранието ја прекина седницата кога...
Вучиќ: Поддршка од Макрон за компромис за Косово
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека од претседателот на Франција Емануел Макрон добил поддршка за пронаоѓање на компромисно решение со Албанците на Косово, и не само да се обезбеди мир следните две години, туку и траен мир за да се концентрираат на забрзан економски напредок.
-Разговаравме за иднината на Србија и за регионот и за дијалогот меѓу Белград...
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гостивар
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство", во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата...
Земјотрес од 4,5 по Рихтер регистриран во Албанија
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.
Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Јункер на средба со Трамп во Вашингтон на 25 јули
Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на 25 јули ќе отпатува во Вашингтон, каде во Белата куќа ќе оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти ЕК.
Тие ќе разговараат за „продлабочена соработка" помеѓу ЕУ и САД, за широк спектар на прашања, вклучително и надворешната политика, безбедноста, борбата против тероризмот, енергетската безбедност и економскиот раст.
Јункер и Трамп ќе...








































