Клиф Ричард доби случај против Би-Би-Си

Британскиот музичар Клиф Ричард ја доби тужбата против Би-Би-Си(BBC) заради наршување на приватноста за време на следењето на полициската рација во неговиот дом и ќе добие отштета од 210.000 фунти. Ричард(77) ја тужеше медиумската куќа заради следењето на рацијата во 2014 година, кога полицијата ги истражувала неговите наводни сексуални престапи. Познатиот музичар не беше уапсен, ниту, пак, обвинет за било што....

Колку тежи НАТО и од каде се слеваат парите

Темата поврзана со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на воените издатоци на членките на сојузот од два на четири проценти од бруто-домашниот производ (БДП) не излегува од фокусот на светската јавност и сѐ повеќе добива на тежина не само во земјите-членки туку и кај кандидатите за идно членство, меѓу кои е и Република Македонија. Предлогот на американскиот...

Тројца пожарникари повредени при превртување на противпожарно возило

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла. - Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески. Екипата требало да интервенира на пожар во куќа...

Штрајк во европските магацини на Амазон

Повеќе илјади работници во европските магацини на американската компанија Амазон стапија во штрајк со барање за подобри услови за работа и поголеми плати. Магационерите на Амазон во Германија вчера штрајкуваа, приклучувајќи им се на колегите од Шпанија и Полска кои пред два дена стапија во штрајк. Германскиот синдикат на работници во услужните дејности Верди повика на еднодневен штрајк за...

Изгоре напуштена куќа во Старо Нагоричане

Стара напуштена куќа изгоре вчера во пожар во село Орах - Старо Нагоричане. Како што соопшти МВР, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот бил пријавен од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Во 16,50 часот од страна на увидна екипа од СВР Куманово, а по овластување од Јавен обвинител бил извршен увид на...

Пад на акциите на Тесла поради коментар на Маск

Вредноста на акциите на американскиот производител на автомобили Тесла драстично се намали и тоа поради коментар на извршниот директор Илон Маск. Инвеститорите во компанијата не биле воодушевени со тоа што генералниот директор на компанијата Маск го нарече британскиот спасувач, кој минатата недела учествуваше во спасувањето на децата од пештерата во Тајланд, „педо“ (алудирајќи на зборот педофил). Акциите на Тесла...

Иран двојно ги зголеми резервите ураниум

Али Акбар Салехи, директорот на иранската Организација за атомска енергија, изјави дека Исламската Република има 950 тони ураниум во своите резерви, односно 400 тони повеќе отколку што имаше во 2015 година, кога беше потпишан Договорот за иранската нуклеарна програма. Според Салехи, Иран ги увезол овие дополнителни количества ураниум по потпишувањето на Договорот, и има доволно за да ја постигне својата...

Џип се преврте на автопатот кај Куманово, петмина повредени

Пет лица се повредени откако патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, кој живее во Холандија, излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово во насока кон Куманово. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера попладне, а пријавена е во 15,30 часот. - По незгодата со возило на...

Студент пешачеше 32 километри за да стигне на работа и доби неочекувана награда

Студент од Алабама, САД, поминал околу 32 километри пеш, ноќе, за да стигне на неговото ново работно место, а неговата посветеност беше наградена со подарок автомобил од страна на директорот на компанијата, пренесува „Њујорк пост“. Волтер Кар не можел да најде превоз за да стигне на работа, откако неговиот автомобил се расипал, по што тргнал пеш од Хоумвуд, на полноќ,...