Пливаат во нафта, а се возат во „колички за кучиња“
Автобусите исчезнаа од улиците на Венецуела, поради економската криза во јужноамериканската држава и порастот на цените на нафтата, па тамошните жители се принудени да се снаоѓаат со алтернативни облици на јавен превоз, како што се товарните камиони.
Ваквиот облик на транспорт, каде што патниците воглавно стојат збиени едни покрај други во задниот дел на товарни возила, е познат под називот „количка...
Неизвесна договорената испорака на тутунот
Тутунарите не ја делат оцената со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот, поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.
- Не верувам дека ќе има пониска откупна цена, зашто сега се берат долните...
Прекувремена работа има, но дали се плаќа
На 31,7 отсто од работниците не им се плаќаат прекувремената работа и работата во викенд или за празници, како што е предвидено со законот
Над триесет проценти од вработените во Македонија се соочуваат со неисплатена прекувремена работа, работа за викенди или за празници. Најголем дел работници во секторите градежништво, текстилна индустрија и угостителство се соочуваат со неплатена прекувремена работа, но...
Рејтингот на Трамп и натаму висок
Според резултатите на најновата анкета на Институтот Ипсос, спроведена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, 42 проценти од регистрираните гласачи се изјасниле дека се согласуваат со политиката на американскиот претседател.
Но, 55 отсто од испитаниците, меѓу кои и регистрирани гласачи не го одобруваат начинот на кој Трамп раководи со односите со Русија, додека 37 проценти се...
Семедо го напушти затворот по 142 дена зад решетки
Дефанзивецот на Виљареал, Рубен Семедо остана 142 дена зад решетки во затворот „Пенитенсиарио де Писасент“, но беше пуштен на слобода откако плати кауција од 30 илјади евра.
Португалскиот фудбалер нема право да ги напушти границите на Шпанија и му е забрането да се приближи на растојание од 300 метри до својата жртва.
Покрај тоа, секоја недела 24-годишниот Португалец треба да се...
Светската титула позитивно ќе се одрази врз економиите на Франција и Русија
Победата на Франција на Светското првенство ќе обезбеди дополнителни 0,2 проценти зголемување на потрошувачката во земјата во 2018 година.
Ова го предвидува светскиот лидер во комерцијалното кредитно осигурување „Euler Hermes“. Според проценките, зголемувањето на потрошувачката ќе се зголеми од проектираните 1,1 на 1,3 отсто. Исто така, ќе доведе до раст на БДП на земјата од предвидените 1,8 на 1,9...
Најмногу приговори за интернет, најмалку за мобилна телефонија
Бројот на приговори на корисниците на електронски комуникациски услуги во Македонија бележи зголемување во однос на 2017 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги/резиденцијални корисници.
Според анкетата, спроведена од 31 мај до 14 јуни годинава кај 1.100 испитаници, преку...
Што кажува оценката за ученикот
Треба да се реформира начинот на вреднување на резултатите на учениците, односно да не постои оценување во основното образование, бидејќи училиштата треба да имаат цел, пред сѐ, постојано да ги мотивираат децата да ги всадат во себе вредностите на животот и да помогнат во формирањето на ставовите кај децата, смета универзитетскиот професор Кирил Барбареев
Откако се укина екстерното тестирање, годинава...
Се враќаат буквите од изјавата на Тито на фасадата на Музеј на Град Скопје
На источната фасада од Музејот на Град Скопје претпладнево почна поставувањето на новите букви од познатата реченица што Јосип Броз Тито ја кажал ден по катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност....
РЕК „Битола“ со години работи без еколошка дозвола
Нелогично и несфатливо за заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули е државата да бара од приватни компании да издвојуваат тешки милиони евра за изработка и монтирање филтри за добивање еколошки дозволи додека столбот на електроенергетскиот сектор во државата, РЕК „Битола“, ја нема А-интегрираната еколошка дозвола
Кога станува збор за загадувањето на воздухот од страна на РЕК „Битола“, состојбата не е...








































