Шефот на дипломатијата Бушати главен албански преговарач со ЕУ

Министерот за Европа и шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати е назначен за главен преповарач со Европска унија, откако вчера Албанија го почна процесот на скрининг за подготовка на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, кои се очекува да се отворат во јуни следната година. Во исто време, Владата за технички преговарач го назначи Генти Цакај, заменик министер за Европа и...

Воландри: Ѓоковиќ по Мајами планираше да се повлече од тенисот

Поранешниот италијански тенисер, Филипо Воландри, изјави дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ размислувал да се повлече од тенисот на крајот од март по турнирот во Мајами, откако не успеа да ја врати посакуваната форма. Но, Ѓоковиќ по неколку обиди изминатите две седмици успеа да се врати на голема сцена на светскиот тенис и го освои најпрестижниот турнир во светот Вимблдон. -...

Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талевска

Апелацискиот суд Скопје денеска ја потврди условната казна за новинарката Ивона Талевска во врска со предметот „Тифани“. - Апелацискиот суд Скопје во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“ по одржана јавна седница донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење...

Уставниот суд на Грција го отфрли барањето за суспендирање на Договорот од Преспа

Уставниот суд на Грција го отфрли барањето на грчката „Федерација на културните здруженија на Македонците” и „Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората”, за суспендирање на Договорот од Преспа, додека, пак, барањето за поништување на Договорот, ќе се разгледува на почетокот на декември, јави дописничката на МИА од Атина. Според судиите, во случај Договорот да не стапи во сила, во целина...

Скопјанец си ја пронашол сопругата мртва во јама

Шеесетгодишниот Т.Т. (60) од Скопје вчера попладнето пријавил дека на улицата „Лисец“ ја пронашол неговата сопруга М.Т.(61) падната во дупка за јама полна со вода и оти таа не давала знаци на живот. Како што соопшти МВР, Т.Т. повикал Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатата е извадено од страна на екипа од Бригадата...

Заев: Од лидерската средба очекувам договор за референдумот

Премиерот Зоран Заев на лидерската средба што вечерва треба да се одржи во Клубот на пратеници, на маса како тема ќе го стави референдумот, кој согласно договорот со Грција треба да се спроведе наесен. - Од лидерската средба очекувам да ја дефинираме темата референдум. Тоа значи да го определиме датумот за одржување на референдумот, да го дефинираме референдумското прашање, карактерот...

Спасените деца го опишаа чудото од пештерата Там Луанг

Адул Сам-он (14), едно од 12-те спасени момчиња од пештерата Там Луанг, го опиша „моментот на чудо“ кога британските нуркачи ги пронајдоа во пештерскиот комплекс во северен Тајланд, пренесува Би-би-си. - Кога нуркачот се појави, му кажав здраво. Му кажав оти сме добро. Ова беше момент на чудо - кажа Адул Сам-он, единственото од децата што знае англиски.  Момчињата го опишаа...

Слушајте музика, а не говори на партиски лидери

Музичарите често се на удар на дневната политика, а поводи има многу: користењето субвенции за поттикнување на македонската музика, високите фестивалски награди, кои за наши услови достигнуваат баснословни суми, штрајкот на ЗАМП, пеењето на „леви“ и на „десни“ митинзи... Деновиве тоа беше (не)учеството на 15-те концерти низ земјава што ги организира Владата за одбележување на почетокот на преговорите за...

Одбележување на стогодишнината од раѓањето на Нелсон Мандела

Во Јужна Африка денеска се одбележуваат 100 години од раѓањето на водачот на борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела. Светски лидери и познати личности се собраа во Јоханесбург да му оддадат почит на лидерот на движењето за слобода на црното население во Јужна Африка, кој помина 27 години во затвор пред да издејствува политички промени во земјата во раните 90-ти години...

Бектеши: Се прават анализи дали ќе има контра мерки за царините од Косово

Воведувањето на 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово не значи трговска војна меѓу Македонија и Косово, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. - Мерката не е насочена против Македонија и се однесува на сите држави во светот кои извезуваат земјоделски производи во Косово. Имајќи ги предвид сите меѓународни договори имаме обврска и ние да преземеме наши...