Седницата за изборниот законик за ДИК презакажана за утре
По речиси еден час расправа, Собранието попладнево го усвои дневниот ред на 53. седница на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка, но спикерот Талат Џафери, по само неколку поминати точки, ја презакажа за утре.
Причината за одложувањето на седницата, како што рече, е претстојната лидерска средба...
Захарова: Договорот од Преспа предизвика дополнителен раскол во двете земји
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска излезе со став дека договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не се потпира на широк консензус.
Таа на својот Твитер налог објави дека договорот наместо да предизвика обединување, предизвикува раскол во двете земји.
- Решението за името треба да се потпира на широк општествен консензус и...
РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра за пласманот на СП
Ракометната федерација на Македонија денеска ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Светското првенство, кое в година ќе се одржи во Данска и во Германија.
Македонија успешно ги помина бараж натпреварите со Романија. Македонските ракометари остварија убедлива победа од 32:24 на првиот натпревар во Скопје, но и покрај минималниот пораз во реваншот на гостувањето...
На прашањето дали бил пијан, Јункер побара почитување
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО.
На денешната прес-конференција, Јункер рече дека минатата среда имал проблем со ишијасот и со грчеви во нопзете, како што претходно соопштија и неговите помошници.
- Изненаден сум од интересот кој одделни лица го...
Отворена Спомен соба на Глигоров во Штип
Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на денешното свечено отворање на Спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров во Штип.
Тој забележа дека Глигоров со учеството во НОБ и АСНОМ и двата претседателски мандата речиси половина...
„Акустична аномалија“ регистрирана на Арктикот
Канадската армија истражува мистериозен звук што доаѓа од морето во регион на Арктикот и последните месеци ги плаши животните, соопштија канадските власти.
Воените летала извршија неколку мултисензорски пребарувања во тоа подрачје, но за сега не може да се објасне причината за појавата, која ја нарекоа „акустична аномалија“.
- Нашите авиони не открија никаков контакт на површината или под неа. Единствено што...
На Лука Модриќ ќе му се суди во Загреб наместо во Осиек заради лажно сведочење
Врховниот суд на Хрватска одлучи дека на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе му се суди во Загреб наместо во Осиек поради лажно сведочење за судењето на поранешниот шеф на Динамо, Здравко Мамиќ, јавија хрватски медиуми.
Обвинението против Модриќ е подигнато во март пред Општински суд во Осиек каде се водеше постапка против...
ЕУ воведува привремени рестрикции за увозот на челик на своја територија
Како резултат на американските царини врз челикот и алуминиумот, Европската комисија од утре воведува привремени рестрикции на своја територија за челикот од трети земји, вклучително и од Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Овие мерки, наведува ЕК, доаѓаат како одговор на диверзијата на челикот од трети земји кон пазарот на ЕУ откако САД наметна свои царини. Неколку земји се...
Шефот на дипломатијата Бушати главен албански преговарач со ЕУ
Министерот за Европа и шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати е назначен за главен преповарач со Европска унија, откако вчера Албанија го почна процесот на скрининг за подготовка на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, кои се очекува да се отворат во јуни следната година.
Во исто време, Владата за технички преговарач го назначи Генти Цакај, заменик министер за Европа и...
Воландри: Ѓоковиќ по Мајами планираше да се повлече од тенисот
Поранешниот италијански тенисер, Филипо Воландри, изјави дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ размислувал да се повлече од тенисот на крајот од март по турнирот во Мајами, откако не успеа да ја врати посакуваната форма.
Но, Ѓоковиќ по неколку обиди изминатите две седмици успеа да се врати на голема сцена на светскиот тенис и го освои најпрестижниот турнир во светот Вимблдон.
-...








































