„Година на мајмунот“ се натпреварува на три балкански филмски фестивали

Македонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, се натпреварува на три реномирани балкански фестивали - во Палиќ, Приштина и во Херцег Нови. Во моментов се натпреварува во главната програма на 25. Европски филмски фестивал во Палиќ што ќе заврши на 20 јули, кога треба да бидат познати и добитниците. Утре, „Година на мајмунот“ ќе биде премирно...

Харадинај: Позитивен извештај од ЕП до крајот на август, на крајот на годината се укинуваат визите

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по објавувањето на позитивниот извештај од Европската комисија (ЕК) и препораката за визна либерализација, порача дека Косово конечно ја прими долгоочекуваната вест и дека кон крајот на годината косовските граѓани ќе патуваат во Европа без визи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на Фејсбук, Харадинај ги припиша заслугите за позитивниот извештај на Владата која...

Првото јавно појавување на тајландските момчиња откако беа спасени од пештерата (видео)

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела беа спасени од поплавена пештера, денеска раскажуваа како ги минале двете седмици во мрак, без храна, само со вода. Тие денеска излегоа од болница и одржаа конференција за медиумите, а пред да одговорат на новинарските прашања, одиграа фудбал на импровизиран терен. Момчињата изјавија дека кога ги здогледале нуркачите, почуствувале „момент на...

Руско МНР: Протерувањето руски дипломати од Грција ќе има последици

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека протерувањето двајца руски дипломати од Грција ќе предизвика последици. Атина во минатата недела соошти дека протерала двајца руски дипломати и им забранила на други двајца влез во државата обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи со поттикнување демонстрации против договорот за името меѓу Атина и Скопје. Дипломатите беа обвинети и дека се...

Захарова: Неосновани обвиненијата од Македонија за вмешаноста на Русија во протестите

Изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев дека бизнисмени кои имаат симпатии кон Русија ги финансираат протестите во Македонија се неосновани, изјави денеска во Москва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Како што информира Спутник Србија, таа на редовниот брифинг со новинарите изјави дека Русија е збунета со изјавата на македонскиот премиер дека одредени бизнисмени кои се наклонети...

Мицотакис: Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и јазик што им ги даде грчката Влада

Претседателот на грчката опозициска Нова демократија, говорејќи пред политичкиот комитет на партијата, упати обвинувања до грчката Влада дека на нашата земја и дала македонски јазик, македонски идентитет и НАТО пасош, со што Грција го изгубила најсилното дипломатско оружје од изминатите години. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кирјакос Мицотакис рече дека земјата веќе ги живее негативните завршени работи...

Над 40 илјади Косовци се откажале од државјанството од прогласувањето независност

Повеќе од 40 илјади државјани на Косово се откажале од државјанството од 2009-та, односно од кога Косово прогласи независност, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Последните четири години, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, во просек без косовско државјанство останувале по повеќе од пет илјади граѓани. Заменикот министер за внатрешни работи, Изми Зека, за телевизијата РТВ21, информира дека...

Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел на прашањето дали МВР може да даде повеќе информации за наводите на премиерот Зоран Заев и истрагата на новинарката на OCCRP  дека руски бизнисмени финансираат немири во Македонија во референдумската кампања, уште еднаш порача дека нема да ја води истрагата преку медиумите, јави дописничката на МИА во Брисел. - Сакам да бидат спокојни...

Европската гранична полиција наскоро со поголеми овластувања во Македонија

Европската Комисија и Македонија денеска во Брисел ја парафираа спогодбата за соработка на граничните полиции, позната како Фронтекс 2, по повеќемесечни преговори. Откако ќе стапи на сила овој договор, европските граничари ќе имаат поголеми овластувања и ќе можат да интервенираат на граничните премини, заедно со националните безбедносни сили. Фронтекс 2 има за цел да ги зајакне надворешните граници на ЕУ...

Седницата за изборниот законик за ДИК презакажана за утре

По речиси еден час расправа, Собранието попладнево го усвои дневниот ред на 53. седница на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка, но спикерот Талат Џафери, по само неколку поминати точки, ја презакажа за утре. Причината за одложувањето на седницата, како што рече, е претстојната лидерска средба...