Димитров: Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за соседот

Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворшени работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот. Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме...

Напад со нож во Германија, најмалку 14 повредени

Најмалку 14 лица се повредени кога маж ги нападнал во автобус во германскиот град Либек, од кои две лица се со посериозни повреди. Полицискиот портпарол соопшти дека напаѓачот е приведен, а властите сè уште го истражуваат мотивот за нападот. На местото на настанот има голем број полициски и возила за брза помош.

Велиај и го предаде клучот на Тирана на хрватската претседателка

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, во знак на пријателство и го предаде клучот на Тирана на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. - Ние ве чувствуваме како една од нас и во знак на огромна почит ви го предавам клучот на Тирана. Независно од тоа каде ќе ве однесе животот, како претседателка, како граѓанин, турист или само пријател кој повторно се враќа,...

Вучиќ: Се надевам нема да има војна, туку решение на косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека во случај на поселба на Косово ќе избие нова војна, нагласи дека се надева дека нема да дојде до војна, туку до решение. - Но, не е решение ако ни кажете – се е наше, а вие само признајте не. Потребен е договор. На луѓето им е...

Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името

Се чини дека по прв пат, двете земји, сакаа да се реши проблемот, тоа заслужуваше пофалба, вели солунскиот градоначалникот Јанис Бутарис во интервју за ТВ 100, телевизијата на општина Солун. Тој додава дека 25 години немало вистинска волја за решение, но сега „се чини дека дојде време кога може да се реши проблемот“. - Зависи од нас, зависи од нив,...

ЈКП „Водовод и канализација“ откри диви приклучоци на вода

Во насока на утврдување на причини за големите загуби на вода кои биле констатирани од ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп, последниот период службите извршиле контроли кај правни и физички лица. Во средата во голем комплекс на објекти биле откриени девет диви приклучоци на водоводната мрежа. -Дивите приклучоци се откриени во Друштвото за трговија и услуги „Маркови кули трејд“. Овој...

Полицијата откри 44 мигранти во камион на автопатот Гевгелија-Скопје

Полицијата во камион кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје завчера открила 44 мигранти. Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22:00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него. Кај првиот...

Заврши реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска објави дека е завршена реконструкцијата на делници од патот Струмица-Берово. Двете делници од село Дабиле до Хамзали и од Берово до село Ратево се со вкупна должина од 8,2 километри и за нив се потрошени 1,6 милиони евра. Патот е комплетно завршен и рехабилитиран со завршен слој на асфалт, променета сигнализација и...

Магична атмосфера на отворањето на „Beach Film Festival”

" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]   Вчерашното отворање на „Beach Film Festival” помина и поубаво од очекуваното. Самата атмосфера на плажата Оревче беше магична. Месечината, ѕвездите, брановите и видео бимот на езеро на кој се прикажа “Осмиот комесар” беа доволни да им измамат насмевки на лицата на гостите. Откако филмот заврши, публиката имаше прилика да поразговара со режисерот на филмот, Иван Салај,...

Просечната оценка од јунската државна матура 3.42

Вкупната просечна оценка од испитите по сите предмети од 11-тата државна матура за учебната 2017/2018 година во јунската испитна сесија е 3.42, што е мало подобрување од минатата година кога средната оценка беше 3.39. Резултатите од испитите по трите екстерни предмети кои се полагаа  од 2-ри до 21 јуни, денеска на прес-конференција ја соопштија министерот за образование и наука Арбер...