Сообраќајот надвор од градовите зголемен, на ГП Богородица се чека 30-тина минути
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути, информираат од АМСМ.
Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и оти оваа информација се однесува...
Европратеници заработуваат милиони евра како „консултанти“
Членови на Европскиот парламент земаат огромни суми од дополнителни ангажмани за време на пратеничкиот мандат. Работењето на страна не е незаконско, но отвора можности за конфликти на интереси. Кого застапуваат пратениците на ЕУ, граѓаните што ги избрале или фирмите што ги најмиле како надворешни соработници, прашуваат од Транспаренси интернешнел
Речиси една третина од пратениците во Европскиот парламент работат на страна...
Не сакам да го соборам Путин
Михаил Ходорковски (55) е еден од најистакнатите прогонети противници на Владимир Путин. Русија го уапси милијардерот во 2003 година откако јавно влезе во вербален конфликт со претседателот и потоа го осуди на десет години затвор. Откако беше помилуван, Ходорковски се обидува да промовира демократија во неговата татковина преку движењето Отворена Русија. Тој во моментот живее во Лондон
ИНТЕРВЈУ СО МИХАИЛ...
Трамп го кани Путин да ги посети САД
Доналд Трамп го покани рускиот лидер Владимир Путин наесен да ги посети САД, објави портпаролката на американскиот претседател Сара Сандерс, додавајќи дека веќе се прават подготовки за посетата.
Двајцата лидери во понеделникот имаа средба во Финска, која предизвика многу реакции во САД по спротивставените изјави на Трамп за тоа дали Русија се мешала во американските избори. Самиот Трамп го оцени...
Северноцрпнатите иноватори од лабораторијата за идентитетски инженеринг
Единствен проблем со кој моментално се соочуваме е како да го прескокнеме август, оти овој проклет месец е еден невоспитан провокатор, кој упорно се обидува да му застане на слободоумното граѓанство на патот кон ЕУ и НАТО. „Сега е момент да ги истребиме сите што се против ЕУ и НАТО, особено овој проклет август“, ќе крикне Тито Берија Беличанец,...
Дали сте за пинџур, малиџано, толчена сол или…
Кога станува збор за референдумско прашање, нема простор за експерименти, калкулации или политички подметнувања. И ова важи генерално, независно што е предмет на референдумско изјаснување на граѓаните. Прашањето несомнено мора да биде кристално јасно, без ниту најмала трошка сомневање што сакал авторот да каже
Луѓето прашуваат за да стигнат до вистината, иако во животот често бројот на избегнати и неодговорени...
Ширум Европа уапсени 15 луѓе поради онлајн измама
По шестгодишни подготовки и координација во меѓународна операција уапсени се 15 лица осомничени за онлајн измама, со која е нанесена штета до 18 милиони евра, соопшти Европол.
Во акцијата од 12 до 15 јуни пребарана е 31 куќа во Кипар, во Естонија, Финска, Германија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство.
Водачот на криминалната група е уапсен на Кипар,...
Сончево и значително потопло
Сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал 25 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен...
Наполи нема интерес за Бензема и Ди Марија
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека нема намера во клубот да ги донесе Карим Бензема и Анхел ди Марија, додека Единсон Кавани би го ангажирале само ако се согласи на двојно помала плата.
Наполи во новата сезона ќе го предводи тренерот Карло Анчелоти, поради што се појавија гласини за нови трансфери во клубот.
Но, Де Лаурентис за италијанските медиуми...
Конте со тужба за Челзи
Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, ќе поднесе тужба против лондонскиот клуб поради едностраната одлука при раскинувањето на договорот со него.
Италијанскиот стручњак беше отпуштен на 12-ти јули, а на неговото место Челзи веднаш го ангажираше Маурицио Сари.
Конте смета дека раководството на клубот го прекршило договорот и по судски пат ќе бара да му се исплатат девет милиони...







































