Собранието ќе ги разгледува измените на Изборниот законик по завршувањето на лидерската средба

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 53-тата седница едногласно со 78 гласа „за“ одлучи Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, да се разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратенците. Претходно едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата Собранието ги разреши од...

Еквадор ќе им го предаде Асанж на британските власти?

Еквадор е сѐ поблиску да го повлече азилот за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, и да го отстрани од еквадорската амбасада во Лондон, предупреди американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд. Гринвалд тврди дека еквадорскиот претседател Ленин Морено во Лондон се сретнал со британски претставници, со кои разговарал за раскинување на договорот според кој Асанж е под заштита, по што основачот на...

Истрага во индустријата за вакцини во Кина

Кинескиот премиер Ли Кечијанг нареди истрага во индустријата за вакцини во земјата откако граѓаните остро реагираа на веста дека производител на вакцини против беснило кршел прописи. Компанијата е обвинета за фалсификување евиденции во процесите за производство и контрола, а скандалот избувна во време кога кинеските лидери се борат да ја вратат довербата на граѓаните во безбедносните процедури после смртни...

Хенес за Озил: Се радувам дека се повлече, не игра ништо со години

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го нападна халфот на Арсенал, Месут Озил, кој вчера изненадувачки се повлече од репрезентацијата на Германија. - Многу се радувам дека овој кошмар заврши. Тој не игра ништо со години. Последниот освоен дуел со него е пред Светското првенство во Бразил во 2014 година. А сега се сокри зад оваа слика (со турскиот претседател...

Реката Драгор претворена во депонија

Во деновите кога во Битола на разни нивоа и конференции на еколошките здруженија и организации постојано се дебатира за зачувување и заштита на животната средина само на неколку стотини метри над Битола, на излезот од патот за Охрид, реката Драгор е претворена во депонија од шут и неупотребливи отпадни градежни материјали. На самиот излез од Битола, кај местото викано Довлеџик...

Полесна проодност во задолжителното образование

СИСТЕМОТ ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ПОВТОРУВАЧИТЕ Прашањето е зошто повторуваат година оние ученици кај кои имало основа да ја завршат успешно годината, а успеваат да се извлечат оние што преку целата година имале слаби оценки во дневниците, вели Ефтим Пејовски, директор на училиштето „Михајло Пупин“ Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека има континуиран тренд на опаѓање на бројот на...

Најмалку 27 војници убиени при бомбашки напад во Сомалија

Најмалку 27 војници се убиени во напад со автомобил-бомба од страна на припадници на екстремистичката група Ел Шабаб врз воената база Бар Сангуни во јужна Сомалија. Групата соопшти дека ја зазела воената база и оти некои војници избегале во џунглата. Ел Шабаб се бори за симнување од власт на централната Влада заради воспоставување нивна власт со строго придржување до шеријатскиот закон. Екстремистите...

Eпидемија на мали сипаници во Дебарско

Епидемија на мали сипаници има на подрачјето на Дебар, каде се регистрирани 17 случаи, објави на својата веб страница Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Сите заболени во епидемијата се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена која е жител на Охрид, но секојдневно патува во Дебар каде што...

Стив Банон подготвува десничарска револуција во Европа

Поранешниот советник на Доналд Трамп планира да создаде паневропско популистичко движење со седиште во Брисел, пред следните избори за Европскиот парламент. Фондацијата наречена „Движењето“ ќе му парира на „Отворено општество“ на мултимилијардерот Џорџ Сорос и ќе им помага на сѐ повеќебројните екстремно десничарски партии во Европа Поранешниот советник на Доналд Трамп и идеолог на алтернативната десница во САД, Стив Банон,...