Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина
Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини...
Новозеландска компанија воведува работна недела од четири дена
Новозеландската фирма „Перпетуал Гардијан“ одлучи да воведе четиридневна работна недела, а вработените да ги плаќа како да работеле пет дена.
Фирмата, која се занимава со надзор, пишување тестаменти и продажба на недвижности, се одлучи на тоа откако во март и април спроведе истражување во кое 240 работници работеа четири дена во неделата, пишува „Њујорк тајмс“.
Како што се наведува, утврдено е...
Словенечкиот претседател нема кому да му довери мандат за состав на влада
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го информираше Парламентот дека нема да номинира ниту еден кандидат за состав на влада, бидејќи ниту една партија не обезбедила мнозинство по изборите одржани на 3 јуни.
Во писмото упатено до претседателот на Парламентот Матеј Тонин, Пахор соопшти дека по консултациите со шефовите на пртатеничките групи, утврдил дека никој ги нема неопходните гласови за...
Турција ја поздрави одлуката на Озил да се повлече од германската репрезентација
Министрите во турската Влада ја поздравија одлуката на германскиот фудбалер Месут Озил да го напушти германскиот национален тим, пренесуваат локалните медиуми.
Одлуката Озил ја објави на социјалните мрежи, обвинувајќи официјални лица и медиуми за расизам, откако претходно покрена бура реакции во јавноста со неговите фотографии со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, снимени во Лондон.
- Ние го поддржуваме чесниот став на...
Намален јавниот долг на државата
Светската банка забележа дека Македонија за краток период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии.
Во објавата за напредокот во рамките на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците, од Светска банка посочуваат дека последнава година во Македонија во рекордно време се постигнати напредок и приближување на управувањето со јавниот долг во однос на...
Годинава во Бугарија двојно повеќе работници од странство
Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.
Најмногу работници се ангажирани од Украина, Молдавија, Киргистан и Србија.
Странците од трети земји главно се вработуваат во бугарските...
Балканот како боксерски ринг за Москва и за Вашингтон
Најновата тура политички судири на двете традиционално најголеми суперсили директно и индиректно ги поврзуваат Македонија и нејзиното непосредно соседство
Малкумина би спореле дека мирот и стабилноста на Балканот не се тесно поврзани со интересите на суперсилите во регионот Русија и САД. Геополитичките аналитичари честопати сакаат да кажат дека најголема надворешна закана за стабилен Балкан се лошите релации на рускиот претседател...
Собранието ќе ги разгледува измените на Изборниот законик по завршувањето на лидерската средба
Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 53-тата седница едногласно со 78 гласа „за“ одлучи Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, да се разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратенците.
Претходно едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата Собранието ги разреши од...
Еквадор ќе им го предаде Асанж на британските власти?
Еквадор е сѐ поблиску да го повлече азилот за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, и да го отстрани од еквадорската амбасада во Лондон, предупреди американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд.
Гринвалд тврди дека еквадорскиот претседател Ленин Морено во Лондон се сретнал со британски претставници, со кои разговарал за раскинување на договорот според кој Асанж е под заштита, по што основачот на...
Истрага во индустријата за вакцини во Кина
Кинескиот премиер Ли Кечијанг нареди истрага во индустријата за вакцини во земјата откако граѓаните остро реагираа на веста дека производител на вакцини против беснило кршел прописи.
Компанијата е обвинета за фалсификување евиденции во процесите за производство и контрола, а скандалот избувна во време кога кинеските лидери се борат да ја вратат довербата на граѓаните во безбедносните процедури после смртни...







































