„Индепендент“: ИД и Ал Каеда во Сирија се борат со оружје од БиХ
Оружјето произведено во босанската фабрика БНТ-ТМиХ, кое е продадено на Саудиска Арабија, завршило во рацете на Исламска држава и Ал Каеда. Станува збор за 500 минофрлачи, објави британскиот весник „Индепендент“.
Новинарот на „Индепендент“ Роберт Фиск тврди дека во подрумот на бомбардираниот магацин за оружје на Ал Каеда во источниот дел на Алепо минатата година пронашол документи од фабриката за минофрлачи...
Хакери украле лични податоци за поголем дел од населението во Сингапур
Хакери украле лични податоци од 1,5 милиони пациенти, жители на Сингапур, односно податоци на една четвртина од жителите, соопшти сингапурското Министерство за здравство.
Тие упаднале во базата на податоци на Министерството за здравство во рамки на „намерен и добро испланиран напад“, се вели во соопштението.
Поединци кои се нашле на удар на кибер нападот, посетувале болници меѓу 1 мај 2015 година...
Кошарка: Македонија подобра од Албанија на ЕП во Софија
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Албанија со резултат 77:69 на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија.
За македонските кошаркари ова е трета победа во низа и ќе се борат за пласман од деветто до 13-то место.
Натпреварот беше исполнет со резултатски осцилации, но избраниците на селекторот Никола Василев успеаа да се консолидираат во клучните моменти и во последната...
Димитров: Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за соседот
Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворшени работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот.
Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме...
Напад со нож во Германија, најмалку 14 повредени
Најмалку 14 лица се повредени кога маж ги нападнал во автобус во германскиот град Либек, од кои две лица се со посериозни повреди.
Полицискиот портпарол соопшти дека напаѓачот е приведен, а властите сè уште го истражуваат мотивот за нападот.
На местото на настанот има голем број полициски и возила за брза помош.
Велиај и го предаде клучот на Тирана на хрватската претседателка
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, во знак на пријателство и го предаде клучот на Тирана на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
- Ние ве чувствуваме како една од нас и во знак на огромна почит ви го предавам клучот на Тирана. Независно од тоа каде ќе ве однесе животот, како претседателка, како граѓанин, турист или само пријател кој повторно се враќа,...
Вучиќ: Се надевам нема да има војна, туку решение на косовското прашање
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека во случај на поселба на Косово ќе избие нова војна, нагласи дека се надева дека нема да дојде до војна, туку до решение.
- Но, не е решение ако ни кажете – се е наше, а вие само признајте не. Потребен е договор. На луѓето им е...
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Се чини дека по прв пат, двете земји, сакаа да се реши проблемот, тоа заслужуваше пофалба, вели солунскиот градоначалникот Јанис Бутарис во интервју за ТВ 100, телевизијата на општина Солун. Тој додава дека 25 години немало вистинска волја за решение, но сега „се чини дека дојде време кога може да се реши проблемот“.
- Зависи од нас, зависи од нив,...
ЈКП „Водовод и канализација“ откри диви приклучоци на вода
Во насока на утврдување на причини за големите загуби на вода кои биле констатирани од ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп, последниот период службите извршиле контроли кај правни и физички лица. Во средата во голем комплекс на објекти биле откриени девет диви приклучоци на водоводната мрежа.
-Дивите приклучоци се откриени во Друштвото за трговија и услуги „Маркови кули трејд“. Овој...
Полицијата откри 44 мигранти во камион на автопатот Гевгелија-Скопје
Полицијата во камион кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје завчера открила 44 мигранти.
Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22:00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него.
Кај првиот...







































