Тврдината Европа и ксенофобичните Балканци
Доколку погледнеме пошироко на прашањето за мигрантите, ќе дојдеме до заклучок дека ксенофобичноста, за која неоправдано се обвинуваат балканските земји, всушност е „увезена“ од државите-членки на Европската Унија, кои толку посветено се трудат да ја затворат и секоја порта за влезот на илјадниците луѓе што се принудени да ги напуштаат своите домови и да побараат помирно место да го...
Пукање во Торонто, еден убиен, 14 ранети
Едно лице е убиено, а 14 се ранети во оружен инцидент во Торонто, при што и напаѓачот бил застрелан, објави полицијата по инцидентот што се случи ноќеска во најголемиот канадски град.
Една од повредените се наоѓа во критична состојба.
- Ги истражуваме сите можни мотиви...ништо не исклучуваме - изјави шефот на полицијата Марк Саундерс.
Спасувачки екипи се наоѓаат во делот на...
Трамп е државник со најголем број обожаватели на Твитер
Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најголем број обожавители на Твитер, а потоа следат папата Франциска и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во годишниот извештај на „Твипломатија“ на компанијата „Барсон Кон и Вулф“.
Трамп во октомври минатата година изби на прво место и сега има 52 милиони следачи, папата 47 милиони, додека Моди на Твитер го следат 42...
Се затвора Музејот посветен на историјата на гулагот
Руските власти одлучија да го затворат Музејот посветен на историјата на гулагот, кој се наоѓа во градот Јошкар-Оли, со образложение дека објектот е запуштен.
- Повеќе немаме пристап до музејот. Вчера имаше обид за отстранување на експонатите, најверојатно на барање на градската управа, изјави директорот на музејот Николај Аракчејев.
Според неименуван извор од локалното Министерство за култура, зградата каде е сместен...
Лидерската средба продолжува
Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи денеска во девет часот наутро, потврдија од Владата.
Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги изгладат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани...
Уште еден мурал со Леброн Џејмс уништен во Лос Анџелес
Уште еден од муралите насликани во Лос Анџелес по повод доаѓањето на Леброн Џејмс во Лејкерс е оштетен од страна на непознати сторители.
Откако беше соопштено дека Џејмс доаѓа во Лејкерс, локалните уметници во негова чест насликаа неколку големи мурали на фасадите низ Лос Анџелес.
Во последниот инцидент настрада муралот, каде Џејмс е насликан во дрес на Лејкерс и гледа во...
Еквадор ќе му откаже гостопримство на Асанж?
Еквадор е се поблиску да го повлече азилот за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и да го отсрани од Еквадорската амбасада во Лондон, објави вчера американскиот истражувачкиот новинар Глен Гринвалд.
Тој тврди дека претседателот на Еквадор, Ленин Морено во петокот во Лондон се сретнал со британски претставници со кои разговарал за раскинување на договорот според кој Асанж е под заштита,...
Пелистер оди на (нова) продажба
На последната седница на Советот на општината, советниците ја изгласаа Одлуката со која се даде согласност за оттуѓување на доминантниот пакет акции на досегашните доминантни сопственици на акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер, сопствениците на фирмите Орка Холдинг АД Скопје, Пелистерка АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Жито Битола Дооел Битола, на други физички или правни лица.
Со донесувањето на...
Гости од Франција, Грција, Турција и Финска на меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“
Од 30 август до 2 септември во Спортската сала „Младост” во Битола ќе се одржи првиот меморијален ракометен турнир „Боро Чурлевски”.
Пелистер ќе биде домаќин во втората група, а за противници ќе ги имаат францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија, шампионот од соседна Грција, Олимпијакос, кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во конзулска Битола...
Маркионе се повлече од „Ферари“ поради здравствени причини
Претседателот и генерален директор на „Ферари“, Серџо Маркионе, ја напуши функцијата заради компликациите по операцијата на рамото.
Компанијата потврди дека неговата здравствена состојба се влошила и дека не може да се врати на работа, па затоа е донесена одлука за прифаќање на неговата оставка.
Маркионе оваа функција ја презема пред четири години и имаше значајно влијание во работењето на Формула 1...







































