Папата ја повика меѓународната заедница да реагира за прашањето со мигрантите

Папата Франциск денеска ја повика меѓународната заедница да реагира решително и брзо за да ги спречи трагедиите на мигрантите на море. Папата изрази жалење поради неодамнешните трагедии што се случија во Средоземното Море при преминувањето на мигрантите од Африка до европско тло. - Безбедноста, почитувањето на човековите права и достоинството на сите мора да биде загарантирано - изјави поглаварот на Римокатоличката...

Руската армија уништи два непознати дрона во Сирија

Руската армија собори два неидентификувани дрона кои се движеле кон воздухопловната база Хмејмим во Сирија. Руската новинска агенција ТАСС јави дека ракетната одбрана на базата Хмејмим уништила два неидентификувани дрона во два дена. Во нападите нема жртви, а не е предизвикана нути штета, а базата нормално функционира.

Љајиќ: Приштина да реши дали е во ЦЕФТА или не

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ изјави дека не очекува реакција на надлежните за постапките на Приштина, поради што Белград ќе ја разгледа можноста за превземање на индивидуални мерки. - Ова е всушност де факто излегување од ЦЕФТА, што се однесува до институциите во Приштина. Ќе помине малку време, па тие ќе воведат нова вонцаринска бариера,...

Најмалку 25 лица повредени во земјотрес во Иран

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган. Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви. Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси...

Силувана малолетничка осудена на затвор поради абортус во Индонезија

Петнаесетгодишно девојче од Индонезија, кое било силувано од нејзиниот брат, осудено е на шест месеци затвор поради извршен абортус. Заменикот-шеф на полициската станица во Батангари во провинцијата Џамби соопшти денеска дека девојката и нејзиниот брат биле осудени во четвртокот. Братот (18) е осуден на две години затвор за сексуални престапи со малолетничка. Обвинителите побараа една година затвор за девојчето и...

Османи: Се надевам дека опозицијата ќе сфати оти земјата нема иднина без ЕУ и НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот за името со Грција, кој, како што вели е договор за идните генерации, а не идните избори, ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата. Но, се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО и оти така ќе се...

Мехмедовиќ: Потребни се намалку 200 вработувања во Здравствен дом Скопје

Најмалку околу 200 вработувања се потребни во моментов за да имаме квалитетна здравствен услуга. Во септември ќе има оглас за вработување медицински персонал, истакна директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој посочува дека имаат недостиг од лекари, но и останат медицински персонал, како што се медицински сестри, лаборантски техничари, рендгден технолози, фармацевтски...

Либиската крајбрежна стража спаси 40 мигранти

Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 40 мигранти, меѓу кои и осум жени и деца, и ги одведе во поморска база во Триполи. Мигрантите беа запрени во близина на брегот на западниот либиски град Зуваре. Мигрантите се од Мароко, Египет, Сирија и Нигерија. Либија е главната транзитна област на патот на мигрантите кои бегаат од војните и сиромаштијата од Африка...

Единаесет таксисти убиени на враќање од погреб на колега во Јужна Африка

Вооружените напаѓачи убија единаесет таксисти во Јоханесбург кога се враќале од погреб на нивни колега, соопшти портпаролот на полицијата. Возачите, сите од здружението Гаутенг, се возеле во минибус при враќањето од гробиштата кога од заседа биле нападнати со огнено оружје. - Дојде до пукање. Возилото го нападнаа од заседа. Единаесет лица загинаа, додека четворица се сериозно повредени и се наоѓаат во...

Филипче: Подготвени сме да ја поништиме во тендерската постапка, ако има неправилности

Министерство за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавностa не го добила тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи. Доколку има неправилности во тендерската постапка и ако не постигнеме заштеда, подготвени сме да ја поништиме. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој...