Секс, лаги и Википедија
Корисници на интернет-енциклопедијата Википедија анонимно воделе кампања за промена на биографијата на две лица вмешани во наводниот руски заговор за инфилтрирање во американската Националната асоцијација за оружје (НРА) и за влијаење на Републиканската партија и на владата на САД, пишува „Дејли бист“.
Почнувајќи во март, корисниците што одржувале страница на руски на Википедија, направиле серија промени во биографијата на руската државјанка Марија...
Eпидемија на мали сипаници во Дебарско
Епидемија на мали сипаници има на подрачјето на Дебар, каде што се регистрирани 17 случаи, објави на својата веб-страница Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Сите заболени во епидемијата, според институтот, се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена, која е жителка на Охрид, но секојдневно патува во Дебар, каде што работи.
Во...
Германија сака стабилизација на Европа на долги патеки
Влијателниот германски политичар Михаел Рот и во изминатиот период имаше одредена улога во надминувањето на политичките жаришта во земјава
Ја користи ли Германија својата моќна дипломатска и политичка машинерија за да изврши притисок да се финализира сѐ што е договорено во спогодбата од Мала Преспа меѓу државните врвови на Македонија и Грција.
На ваква дилема стручната јавност во земјата ја наведува...
Грција се заблагодари за помошта и поддршката од Македонија
Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.
- Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари...
Последниот оброк на мумијата Оци бил месо од дива коза
Научните истражувања покажаа дека последниот оброк на ледениот човек Оци, кој починал пред 5.300 години на Алпите, бил добро балансиран, но исто така и со алармантно висок процент на маснотии. Откако е проанализирана содржината на стомакот, вклучувајќи ги и ДНК-анализата и микроскопските прегледи, истражувачите откриле остатоци од месо од елен и од дива коза, многу масти од дива коза,...
Почина новинарот Ристо Поповски
Еден од најпознатите македонски новинари, Ристо Поповски, почина синоќа на 74 години, по кратко боледување.
Во долгата и богата кариера, Поповски работел како новинар за Радио Скопје и новинската агенција Танјуг, а бил и дописник од Москва за време на историските промени на почетокот на 90-тите години.
Во 1992 година Поповски ја основал независната новинска агенција Макфакс, првата приватна новинска агенција...
Нема наставничка професија без лиценца за работа
Одговорните во Министерството за образование и наука засега немаат информации дали од претстојнава академска година ќе почне со работа долгонајавуваната академија за наставници
Веќе е изработен закон и веќе се подготвени програмите за работа на новата академија за наставници, но засега останува неизвесно дали надлежните ќе успеат од оваа академска година да создадат услови да почне со работа долгонајавуваната нова...
Османи: Успешен референдум значи чекор напред кон ЕУ и НАТО
Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања имаше средба со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.
Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“, соопшти СЕП.
Османи...
Грчкиот претседател ја откажа свеченоста за годишнината од обновувањето на демократијата
Откако доцна синоќа, грчкиот претседател беше известен од грчкиот премиер за трагичните последици од пожарот, Прокопис Павлопулос одлучи да ја откаже свеченоста по повод 44-годишнината од воспоставувањето на демократијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Трагичниот исход од пожарот, беше причина, претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, да даде наредба, знаемето на грчкиот парламент, денес да се вее на половина...
Албанската полиција заплени 200 килограми марихуана
Полицијата од албанскиот град Лежа, на патниот правец Фуш Круја-Мамурас, заплени 200 килограми марихуана и четири литри масло од хашиш.
Во рамки на акцијата, која следувала по неколкунеделна истрага биле запленети и еден пиштол и куршуми за него, две возила и четири мобилни телефони. Уапсени се четири лица на возраст од 32 до 54 години, сите од градот Круја.
Полицијата продолжува...






































