МАР: Измените на Законот за минерални суровини се штетни за рударството
Македонската асоцијација на рударство (МАР) апелира да не се носат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка. Тие бараат да се организира јавна дебата со сите засегнати страни, државата, бизнис-заедницата и невладиниот сектор, за да се покаже дека не се само рудниците загадувачи на животната средина, туку дека врз тоа влијаат и многу други фактори.
Како што рече...
Хоџај: Ако нема црвени линии во преговорите со Србија, ќе ги нема ни кон Албанија
Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај изјави денеска дека црвени линии во дијалогот со Белград мора да има, а ако тие линии се избришат кон Србија, ќе ги нема ниту кон Албанија.
- Доколку некој во Белград и одвреме-навреме во Брисел смета дека не треба да има црвени линии во последната фаза од дијалогот меѓу Косово и Србија, јас велам дека доколку...
Се бара начин за полнење на пензискиот фонд
Eдностраните решенија ќе елиминираат еден проблем, но истовремено ќе предизвикаат друг, потребна е добра анализа по сектори и да се направи комбинирано и сеопфатно решение што нема да биде исто за сите работници и за сите сектори, сметаат експертите
Пензискиот систем во Македонија е осуден на пропаст ако драстично не се реформира и не се зголеми бројот на вработените. Сегашниот...
Предложена даночна амнестија за државни и приватни фирми во Романија
Романскиот министер за финансии, Еуџен Теодорович, предложи даночна амнестија за приватните и државните претпријатија, објави весникот „Романија Либера".
- Даночната амнестија има улога да ги избрише историските обврски на државните компании, за да станат повторно атрактивни на пазарот - изјави синоќа Теодорович за телевизија Антена 3.
Според него, тоа треба да биде направено, „за да може компаниите да имаат иднина“....
Камен од 100 килограми од Ѕидот на плачот падна покрај жена што се молела
Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат соопшти дека камен од Ѕидот на плачот, со тежина од 100 килограми, ненадејно паднал покрај лице кое се молело и не го повредило, нарекувајќи го случајот - „огромно чудо“.
При инцидентот, нема жртви и повредени.
Рабинот Шмуел Рабинович се сложува дека ова е многу необична случка што не се памети со децении. Според него, можно е...
Пронајдени 13 мигранти во возило на кумановец
Пронајдени се 13 мигранти од Авганистан, од кои три малолетни, завчера при контрола на возило Рено" со велешки регистарски таблички, управувано од Ф.З. (25) од Куманово, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
На мигрантите, на возраст од 16 до 23 години, им е укажана лекарска помош, и со нив е извршен службен разговор.
Против Ф.З. е поднесена кривична пријава за „криумчарење...
Пратениците си ги намалија патните трошоци
Членовите на Собранието ќе добиваат пониски износи за патни трошоци со измените на Законот за пратеници, кои вчера беа изгласани со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“.
Со законските измени наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото што се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат...
Секс, лаги и Википедија
Корисници на интернет-енциклопедијата Википедија анонимно воделе кампања за промена на биографијата на две лица вмешани во наводниот руски заговор за инфилтрирање во американската Националната асоцијација за оружје (НРА) и за влијаење на Републиканската партија и на владата на САД, пишува „Дејли бист“.
Почнувајќи во март, корисниците што одржувале страница на руски на Википедија, направиле серија промени во биографијата на руската државјанка Марија...
Eпидемија на мали сипаници во Дебарско
Епидемија на мали сипаници има на подрачјето на Дебар, каде што се регистрирани 17 случаи, објави на својата веб-страница Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Сите заболени во епидемијата, според институтот, се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена, која е жителка на Охрид, но секојдневно патува во Дебар, каде што работи.
Во...
Германија сака стабилизација на Европа на долги патеки
Влијателниот германски политичар Михаел Рот и во изминатиот период имаше одредена улога во надминувањето на политичките жаришта во земјава
Ја користи ли Германија својата моќна дипломатска и политичка машинерија за да изврши притисок да се финализира сѐ што е договорено во спогодбата од Мала Преспа меѓу државните врвови на Македонија и Грција.
На ваква дилема стручната јавност во земјата ја наведува...






































