Онлајн-медиуми со многу низок квалитет
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) во заедничко соопштение наведуваат дека, соочени со злоупотребата на медиумите што им служат на деструктивни агенди на поединци и групи, итно бараат од нив да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот...
Владата го осудува говорот на омраза поврзан со пожарите во Атина
Владата на Република Македонија формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Владата на вчерашната 81-та седница донесе одлука да испрати финансиска помош во износ од шест милиони...
Тапкање во место и по лидерската средба
Извори од пратеничките групи, сепак, се оптимисти дека ќе биде постигнат договор и оти до сабота би можело да се изгласа договореното на лидерската средба вклучувајќи ја и ДИК
Веднаш по завршувањето на делумно успешната лидерската средба, лидерите на партиите си упатија меѓусебни обвинувања, а по почетниот залет, процесите за спроведување на договореното, сепак, извесно време останаа на чекање. Премиерот...
МТСП: Обезбедуваме поддршка за раст на платите
Со измените и со дополнувањата на Законот за минимална плата, кои завчера ги изгласаа пратениците, фирмите што на вработените ќе им ја покачат минималната плата ќе добиваат државна помош. Со тоа, како што велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се засилува поддршката за работниците да добијат повисока минимална плата, но истовремено се штитат и нивните работнички...
Почина академик Милан Ѓурчинов
На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал на универзитетите во Љубљана, „Ломоносов“...
Неопходна е дерегулација за пораст на економијата
Во Македонија во примена се речиси 1.400 законски прописи - кои понатаму се доработувани со илјадници правилници, упатства, одлуки. Да не зборуваме за тоа дека речиси нема закон што не е менуван по неколкупати. Имаме голем број закони, правилници, обемна регулатива, која ги парализира и поскапува производството и водењето бизнис и директно се одразува врз економијата
Големиот број закони донесени...
Колку политичарите ги користат социјалните мрежи
За разлика од македонските политичари, странските државници се екстремно активни на Интернет, а преку социјалните мрежи дури и неколкупати на ден, во зависност од политичките случувања, ги истакнуваат своите размислувања по одредени проблематики
Колку македонските политичари во својата работа активно го користат потенцијалот на социјалните мрежи и дали домашните политички елити во однос на комуникацијата на Интернет функционираат или барем...
Македонија ги почна претпристапните преговори за членство во НАТО
Македонија денеска ги почнува претпристапните преговори за членство во НАТО, откако на Самитот во Брисел на 12 јули земјата и официјално доби покана за членство. Во посета на Македонија е Делегација на НАТО предводена од директорот за европски и глобални прашања на Алијансата, Џејмс МекКи, која со претставници на сите релевантни институции вклучени во овој процес ќе разговара за...
Лохти не се допингувал, но е суспендиран 14 месеци
Тој објавил фотографија на Инстаграм на која се гледа како во раката прима витаминска инјекција, веројатно без лекарска дозвола
Непромисленост, наивност, хипокризија. Овие работи паѓаат на ум кога ќе се спомене 14-месечната суспензија што му ја изрече Американската антидопинг-агенција (УСАДА) на пливачот Рајан Лохти (33), освојувачот на 12 олимписки медали, од кои шест златни и по три сребрени и бронзени.
Лохти...
Лавица сакаше да си игра со „младенчето Симба“
Лавица се обиде да си игра со кадифена играчка со ликот на Симба од анимираниот филм „Кралот лав“, која со себе ја носеше девојче што ја посети Зоолошката градина во Оклахома Сити, САД. Интересната случка е забележана во видеото снимено од мајката на петгодишното девојче, кое беше објавено на социјалните мрежи.
Се чини дека лавицата помисли оти станува збор за...






































