Колку политичарите ги користат социјалните мрежи

За разлика од македонските политичари, странските државници се екстремно активни на Интернет, а преку социјалните мрежи дури и неколкупати на ден, во зависност од политичките случувања, ги истакнуваат своите размислувања по одредени проблематики Колку македонските политичари во својата работа активно го користат потенцијалот на социјалните мрежи и дали домашните политички елити во однос на комуникацијата на Интернет функционираат или барем...

Македонија ги почна претпристапните преговори за членство во НАТО

Македонија денеска ги почнува претпристапните преговори за членство во НАТО, откако на Самитот во Брисел на 12 јули земјата и официјално доби покана за членство. Во посета на Македонија е Делегација на НАТО предводена од директорот за европски и глобални прашања на Алијансата, Џејмс МекКи, која со претставници на сите релевантни институции вклучени во овој процес ќе разговара за...

Лохти не се допингувал, но е суспендиран 14 месеци

Тој објавил фотографија на Инстаграм на која се гледа како во раката прима витаминска инјекција, веројатно без лекарска дозвола Непромисленост, наивност, хипокризија. Овие работи паѓаат на ум кога ќе се спомене 14-месечната суспензија што му ја изрече Американската антидопинг-агенција (УСАДА) на пливачот Рајан Лохти (33), освојувачот на 12 олимписки медали, од кои шест златни и по три сребрени и бронзени. Лохти...

Лавица сакаше да си игра со „младенчето Симба“

Лавица се обиде да си игра со кадифена играчка со ликот на Симба од анимираниот филм „Кралот лав“, која со себе ја носеше девојче што ја посети Зоолошката градина во Оклахома Сити, САД. Интересната случка е забележана во видеото снимено од мајката на петгодишното девојче, кое беше објавено на социјалните мрежи. Се чини дека лавицата помисли оти станува збор за...

БиХ ќе добие милион евра за сместување мигранти

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) обезбеди милион евра бесповратна помош за Босна и Херцеговина во обид да го реши проблемот со сместувањето на илегалните мигранти кои и натаму пристигнуваат во земјата. Договорот за донација денеска во Сараево го потпишаа заменичката-гувернер на ЦЕБ Марија Санчез-Јебра Алонсо и водителот на мисијата на Меѓународната организација за миграција во БиХ Петер...

На 79 се искачи бројката на загинати од пожарите во Грција

Според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, до овој момент, 79 лица го загубија животот во пожарите во регионот Атика, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.   - До сега добивме десетици повици за регистрирање на исчезнати лица. Бидејќи е во тек процесот на идентификација на телата на загинатите, се појаснува дека...

Лавови, зајаци и велосипеди

Интересните костими и маски на публиката што го следи Тур де Франс се составен дел од најпознатата велосипедската трка на светот. Лавови, зајаци, петли и други „животни“ можат да се забележат како ги бодрат натпреварувачите во текот на трката.

Општината Аеродром со мапирање ќе расчистува диви депонии

Општината Аеродром се приклучува кон 24-та глобална акција за мапирање и за расчистување депонии. Мапирањето може да се изврши на линкот www.worldcleanupday.org/map-it/. Овој глобален настан е инициран од движењето „Летс до ит! Ворлд“. Акцијата ќе се реализира на 15 септември на Светскиот ден на чистењето. Граѓаните преку апликацијата „Ворлд клинап“ ќе можат да ги мапираат местата на кои има...

„Разбуди се Скопје“ ќе го потсети главниот град на земјотресот од 1963 година

На пет различни локации низ главниот град утре во 5.17 часот ќе се спроведе аудио-уметничка акција во траење од една минута „Разбуди се Скопје“, која треба да ги потсети граѓаните на точното време на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година. Со акцијата ќе бидат опфатени Музејот на современа уметност, Музејот на Град Скопје, Градскиот трговски центар, Порта Влае...