Инспекција ги отстранува дивите тезги околу „Зелен пазар”

Инспекција на општина Центар изминатите денови, по претходна опомена и известување, спроведе акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу "Зелен пазар". По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Сите затекнати диви препродавачи се санкционирани согласно законите и правните регулативи. Оваа акција...

Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика

Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници. Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна на повредите, 79 лица го...

И ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Џафери предлозите за членови на ДИК

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери конечно ги доставила предлозите за членови на ДИК од нивната партија. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на составот на ДИК, но, исто така, е и своевидна потврда дека пратеничките групи се договориле да го реализираат она што беше договорено на понеделничката...

Три деца во критична состојба поради погрешна дијагноза

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК вчера соопшти дека во последнава седмица поради погрешно утврдена дијагноза во животозагрозувачка состојба биле доведени четиригодишно дете од Свети Николе, деветгодишно дете од Гевгелија и 14-годишно дете од Охрид, сите со дијабетес тип 1. Посочуваат дека 14-годишното дете од Охрид сѐ уште е во кома и во тешка здравствена состојба и...

Македонија ја демнат стотина темпирани бомби

Еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг неодамна предупреди дека опасноста од терористички напади во Европа сѐ уште е многу висока, а таква ќе остане и во скоро време. Според експертите, токму повратниците од војните на Блискиот Исток се сметаат за опасност за безбедноста на Македонија и тие претставуваат темпирани бомби што државата треба да ги превенира. Околу 150 македонски државјани...

Рот: Политиката не е игра

Иднината на Македонија е во НАТО и во ЕУ и ова не е само мое мислење, туку и на европските институции, како и на сите 28 земји-членки, и јас би сакал да ја видам Македонија на мојата страна во Европа, во најскоро време, затоа што, стабилноста, мирот, просперитетот и демократијата на Западен Балкан се важни. Но мора да биде...

Црвениот крст отвори жиро-сметка за настраданите во пожарите во Грција

Црвениот крст на Република Македонија отвори жиро-сметка на која сите заинтересирани правни субјекти и граѓани ќе можат да се вклучат во акцијата за помош на настраданото население во пожарите во Грција. Парична помош заинтересираните можат да уплатат на жиро сметка на Фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 - Комерцијална банка. Заинтерсираните може да донирааат по сто денари со повик на телефоните...

Онлајн-медиуми со многу низок квалитет

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) во заедничко соопштение наведуваат дека, соочени со злоупотребата на медиумите што им служат на деструктивни агенди на поединци и групи, итно бараат од нив да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот...

Владата го осудува говорот на омраза поврзан со пожарите во Атина

Владата на Република Македонија формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Владата на вчерашната 81-та седница донесе одлука да испрати финансиска помош во износ од шест милиони...

Тапкање во место и по лидерската средба

Извори од пратеничките групи, сепак, се оптимисти дека ќе биде постигнат договор и оти до сабота би можело да се изгласа договореното на лидерската средба вклучувајќи ја и ДИК Веднаш по завршувањето на делумно успешната лидерската средба, лидерите на партиите си упатија меѓусебни обвинувања, а по почетниот залет, процесите за спроведување на договореното, сепак, извесно време останаа на чекање. Премиерот...