Трамп му се заблагодари на Ким Јонг-ун за исполнетото ветување

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради тоа што го исполнил ветувањето дека ќе ги врати посмртните останки на американските војници убиени во Корејската војна. Американски воен авион е на пат кон Северна Кореја да ги преземе телата на 55 војници, на кои, по приемот, ќе им се изврши ДНК анализа во воена база...

Иванов размени мислења за актуелните политички случувања со Данчила

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила. Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог. На средбата, како што информираат од прес службата на Претседателот, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците...

Ципрас: Преземам политичка одговорност за трагедијата со пожарите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во неговата Влада. - Го свикав денеска Министерскиот совет пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што...

И натаму нема целосно повлекување на косовската одлука за зголемени царини

Нема конкретен договор за повлекување на косовската одлука за зголемените царини, ни по дненешната средба во Приштина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани. Бектеши укажал на штетите што ги предизвика одлуката за двете страни, а од Хасани добил уверување дека тоа ќе биде пренесено на правата наредна седница на косовската Влада. -...

Тренерот Тухел ја расипува забавата на ѕвездите на ПСЖ

Новиот тренер на француски Пари Сен Жермен, Томас Тухел, посети повеќе ноќни клубови во главниот француски град, со цел да го стави под контрола забавувањето на неговите фудбалери, пренесува шпанска „Марка“. Германскиот стратег разговараше со сопствениците на повеќе познати ноќни клубови во градот на светлината, барајќи тие да го информираат доколку некој фудбалер на ПСЖ влезе во нивните објекти, односно...

Путин го покани Трамп да ја посети Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го покани неговиот американски колега Доналд Трамп да ја посети Москва и воедно најави дека е подготвен самиот да дојде во Вашингтон. Зборувајќи во Јоханесбург, каде учествува на самит на земјите од групата БРИКС, Путин рече дека телефонските разговори не се доволни и дека се потребни директни контакти за иранското нуклеарно прашање и други теми. - Ние...

Тајфунот Џонгдари се упати кон Јапонија

Силниот тајфун Џонгдари се движи кон најголемиот јапонски остров Хоншу, соопшти денеска метеоролошката служба на Јапонија. Ова е 12-ти тајфун во текот на оваа сезона, но Јапонците се надеваат дека тој ќе донесе барем делумно заладување по големите летни горештини. Најмалку три лица починаа вчера како резултат на високите температури. Тајфунот е на 230 километри од Јапонија и се движи со...

Опасноста и напорната работа во најтешките светски професии

Луѓето што вадат сулфур од вулканот Иџен во Индонезија, собирачите на јаглен во Индија, работниците кои бараат скапоцени камења во рудниците во Пакистан, собирачите на песок во Камерун, како и рударите во Боливија и во Буркина Фасо, според многумина, се занимаваат со најтешките светски професии, кои истовремено се опасни и напорни. 

Медиумите сметаат дека измените во Изборниот законик ја загрозуваат нивната работа

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата со оценка дека директно ја загрозуваат работата на медиумите во време на предизборна кампања и се во спротивност...

Од недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“

На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје. - Апелираме сите учесници во сообраќајот...