Москва резгледува опции за средба Лавров-Помпео
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека разгледува опции за организирање средба меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, која би се одржала на маргините на некој меѓународен собир.
Како што соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, засега „на практичен начин“ не е разговарано за посета на Помпео на Русија.
-...
Загубените милијарди се пресудни за успехот на најбогатите
Творецот на Фејсбук, Марк Закерберг, вчера загуби 16,8 милијарди долари за неколку минути, откако акциите на неговата компанија забележаа пад од 19 проценти, но тоа веројатно воопшто нема да го загрижи, пишува „Вашингтон пост“. Вредноста на компанијата „Фејсбук“, пак, опадна за 119 милијарди долари, што претставува најголемата еднодневна загуба во историјата на САД.
„Трилитиум асет менаџмент“, кој е меѓу акционерите на...
Поднесени 314 пријави за штети на посевите од невремето во Гевгелиско
Во утврдениот рок за поднесување барања за штети од невремето со град, денеска заклучно со 16 часот во канцелариите во Гевгелија, Негорци и Миравци биле поднесени 314 пријави од физички и правни лица за предизвикани штети на земјоделските посеви.
Најмногу пријави, или точно 160, се поднесени во канцеларијата во Негорци, што е најдобра потврда дека штетите од градот во овој...
Шумските пожари пустошат низ Калифорнија
Еден пожарникар загина денеска при гаснење на големите шумски пожари во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.
Како што соопшти Одделот за противпожарна заштита на Калифорнија, пожарникарот од градот Рединг загинал при акцијата за гаснење на пожар во округот Шаста.
Тој е втора жртва на пожарите во северна Калифорнија, откако вчера загина и еден возач на булдожер кој учествувал во...
Ерменија подготвена да ги нормализира односите со Турција без предуслови
Новиот ерменски премиер Никол Пашинјан изјави дека е подготвен да воспостави дипломатски односи со Турција без никакви предуслови.
Двете земји имаат долгорочно нарушени односи поради ерменското инсистирање Турција да признае дека извршила геноцид врз ерменското население во Првата светска војна.
Двете земји постигнаа договор за нормализирање на дипломатските односи во 2009 година, но договорот не беше ратификуван од парламентите, за набргу...
Меланија Трамп не смее да отвори прозорец, но барем доби сопствен телевизор
Животот на првата дама на САД, Меланија Трамп, наликува на оној на златна рипка во аквариум, со што многумина прават шеги на нејзина сметка, велејќи дека таа е заробена во Белата куќа, или пак робот, поради изолираноста и отсуството на слобода со кои, наводно, се соочува сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува британски „Индепендент“.
Во прилог на ваквите тврдења...
Трамп му се заблагодари на Ким Јонг-ун за исполнетото ветување
Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради тоа што го исполнил ветувањето дека ќе ги врати посмртните останки на американските војници убиени во Корејската војна.
Американски воен авион е на пат кон Северна Кореја да ги преземе телата на 55 војници, на кои, по приемот, ќе им се изврши ДНК анализа во воена база...
Иванов размени мислења за актуелните политички случувања со Данчила
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила.
Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.
На средбата, како што информираат од прес службата на Претседателот, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците...
Ципрас: Преземам политичка одговорност за трагедијата со пожарите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во неговата Влада.
- Го свикав денеска Министерскиот совет пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што...
И натаму нема целосно повлекување на косовската одлука за зголемени царини
Нема конкретен договор за повлекување на косовската одлука за зголемените царини, ни по дненешната средба во Приштина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани.
Бектеши укажал на штетите што ги предизвика одлуката за двете страни, а од Хасани добил уверување дека тоа ќе биде пренесено на правата наредна седница на косовската Влада.
-...







































