Бил Клинтон повика на засилување на борбата против СИДА-та

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја повика меѓународната заедница да се засилат напорите за борба против СИДА-та. Клинтон говореше на меѓународната конфернција за СИДА во Амстердам, каде учествуваат 15.000 научници, активисти и лица кои се заразени од ХИВ вирусот. - Околу 35 лица ќе починат од СИДА додека јас зборувам тука, изјави Клинтон, додавајќи дека низ светот има 36,9 милиони лица...

Американскиот економски раст надмина четири проценти

Американскиот економски раст достигна 4,1 проценти во вториот квартал од годината, што е најдобар резултат во изминатите четири години. Зборувајќи на митинг во Гранит Сити, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека економскиот раст ќе продолжи да се засилува и дека ќе бидат достигнати ветените пет проценти раст годишно. Се смета дека главниот двигател на растот е намалувањето на даноците што го...

Тргнаа коњаниците на „Илинденски марш 2018“

Од Горно Лисиче вечерва тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2018“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Во црквата „Св. Петар и Павле“ се одржи свечена литургија по што беа испратени 24-те коњаници, кои учествуваат на јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од...

Макрон ја претстави неговата визија за Европа во три концентрични кругови

Францускиот претседател Емануел Макрон очекува дека за 15 години Европа ќе биде формирана околу три круга на држави кои ќе бидат со различно ниво на интеграција. - Предвидувам еден широк круг, во кој ќе влегуваат и држави кои сега не се меѓу 27-те членки на Европската унија, кој ќе биде нешто меѓу ЕУ и Советот на Европа. Овој поширок круг...

Следете го во живо затемнувањето на месечината

Следете го најдолгото целосно помрачување на месечината во 21-от век, во настанот што вечерва ќе биде видлив на поголем дел од Земјината топка. https://www.youtube.com/watch?v=uqBStEIVF8o https://www.youtube.com/watch?v=YWv6q6gp08M

Москва резгледува опции за средба Лавров-Помпео

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека разгледува опции за организирање средба меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, која би се одржала на маргините на некој меѓународен собир. Како што соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, засега „на практичен начин“ не е разговарано за посета на Помпео на Русија. -...

Загубените милијарди се пресудни за успехот на најбогатите

Творецот на Фејсбук, Марк Закерберг, вчера загуби 16,8 милијарди долари за неколку минути, откако акциите на неговата компанија забележаа пад од 19 проценти, но тоа веројатно воопшто нема да го загрижи, пишува „Вашингтон пост“. Вредноста на компанијата „Фејсбук“, пак, опадна за 119 милијарди долари, што претставува најголемата еднодневна загуба во историјата на САД. „Трилитиум асет менаџмент“, кој е меѓу акционерите на...

Поднесени 314 пријави за штети на посевите од невремето во Гевгелиско

Во утврдениот рок за поднесување барања за штети од невремето со град, денеска заклучно со 16 часот во канцелариите во Гевгелија, Негорци и Миравци биле поднесени 314 пријави од физички и правни лица за предизвикани штети на земјоделските посеви. Најмногу пријави, или точно 160, се поднесени во канцеларијата во Негорци, што е најдобра потврда дека штетите од градот во овој...

Шумските пожари пустошат низ Калифорнија

Еден пожарникар загина денеска при гаснење на големите шумски пожари во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Како што соопшти Одделот за противпожарна заштита на Калифорнија, пожарникарот од градот Рединг загинал при акцијата за гаснење на пожар во округот Шаста. Тој е втора жртва на пожарите во северна Калифорнија, откако вчера загина и еден возач на булдожер кој учествувал во...

Ерменија подготвена да ги нормализира односите со Турција без предуслови

Новиот ерменски премиер Никол Пашинјан изјави дека е подготвен да воспостави дипломатски односи со Турција без никакви предуслови. Двете земји имаат долгорочно нарушени односи поради ерменското инсистирање Турција да признае дека извршила геноцид врз ерменското население во Првата светска војна. Двете земји постигнаа договор за нормализирање на дипломатските односи во 2009 година, но договорот не беше ратификуван од парламентите, за набргу...