Штрковите ќе бидат заштитен знак на Стојаково
Месната заедница од село Стојаково, општина Богданци, заедно со Македонското еколошко друштво, неодамна со помош на дрон направи снимање на сите гнезда со цел да се изврши првото броење на штрковите во ова населено место кое се смета меѓу местата со најголем број штркови во Македонија.
- Снимањето и броењето на штрковите до некаде ја потврдија нашата констатација. Во селото...
Нема чакање на граничниот премин „Богородица“
Само десетина минути претпладнево се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во Македонија.
Дваестина минути утрово се чекаше за излез од државата, во најголемиот налет на туристи што, исто така, се смета за нормално кога треба да се помине граница и да се направат задолжителните формалности за проверка на документи, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Дежурните...
Си-Ен-Ен: Пукната гума причина за пожарите во Калифорнија
Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен.
На 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион - нешто вообичаено во копнениот сообраќај, според телевизијата, и од искрите се запалува оган.
Во пожарот што американските...
Полицијата во Берлин ќе вработува странци поради недостиг од кандидати
Полицијата во Берлин наведува дека тие би можеле да почнат да регрутираат вработени од странство, особено од други земји на Европската унија. Причината е недостиг на кандидати, јави ДПА.
- Потенцијалните кандидати од другите земји на ЕУ ќе добијат интензивна обука за германски јазик - изјави шефот на полицијата на Берлин, Барбара Словик
Таа рече дека регрутирањето доволно соодветни кандидати може...
Пожари во два стана, во Автокоманда и Аеродром
Два пожара избувнале ноќеска во станови во скопските населби Автокоманда и Аеродром. Повредени нема, причинети се само материјални штети.
Како што информира командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томвески за МИА, едниот пожар се случил меѓу 3.15 и 4.40 часот во бања во стан на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ број 8/7 во Автокоманда.
Зафатени биле шест метри квадратни...
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
Скопје утре ќе одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.
Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен,...
Џип излетал од крстосница, тројца тешко повредени
Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај т.н. Мавровска крстосница - Маврови Анови, соопшти МВР.
Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени во Медицинскиот центар - Гостивар.
Полициската станица Гостивар изврши увид. Се...
Нови велосипедски патеки во Скопје
Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.
Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до...
Тешко повредено девојче во сообраќајка во Пирава
Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава.
Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија.
Во незгодата тешки телесни повреди здобило и лицето С.В. (44)...
Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан
Тројца војници од НАТО се убиени во самоубиствен напад во источен Авганистан, соопшти Алијансата.
Еден американски војник и двајца авганистански војници се ранети во инцидентот.
Во соопштението не е прецизирано за местото на нападот и за националноста на војниците.







































