Гратче на Сицилија продава куќи за едно евро
Локалните власти на италијанското гратче Сан Пјеро Пати донесоа одлука напуштените куќи да ги продаваат по цена од само едно евро со цел да заживее ова место сместено во ридестите предели на Сицилија.
Поради миграцијата и стареењето на населението ова гратче остана без поголем дел од популацијата, па затоа според локалните власти се потребни итни мерки за да се спречи...
Швајцарија: Сите 20 патници загинале по пад на мал авион
Сите 20 патници од авионот Јункерс Ју-52 кој се урна на југоисток во Швајцарија се загинати, соопшти швајцарската полиција.
Загинале 11 мажи и девет жени, претежно жители на Швајцарија.
Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју Ер“ која нуди туристички патувања во поранешни швајцарски воени авиони.
Полицијата смета дека истрагата ќе биде „многу комплицирана“ бидејќи од авионот не бил испратен повик за...
Кривични за екс директори на „Тополка“ за проневера на 3 милиони денари
Кривични пријави се поднесени против поранешниот директот на ЈПКД „Тополка“ - Чашка и поранашен в.д. директор поради злоупотреба на службена положба со што го оштетиле претпријатието за над три милиони денари.
Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(45) од с.Чашка, поранешен директор на претпријатието и против Е.К.(30) поранешен в.д директор...
Голем шумски пожар на границата меѓу Португалија и Шпанија
Пожарникари од Португалија и од Шпанија заеднички денеска настојуваат да изгаснат пожар што изби во близина на нивната заедничка граница.
Европа е погодена од бран високи температури што донесе суша и шумски пожари од Грција до Шведска.
Шпанските власти објавија денеска во јужниот регион Екстрамадура дека постои голем ризик од пожари. На југозапад во Шпанија пожарот „проголта“ шума во близина на...
МФ: Јавниот долг зголемен, но во рамки на ланскиот
Јавниот долг на Македонија во вториот квартал од годинава за 0,1 процент го надмина ланското ниво, кога прв пат беше намален по девет години и изнесуваше 47,6 отсто од БДП. Во вториот квартал од 2018. јавниот долг изнесува 47,7 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии на својата веб-страница.
Министерството објави графикон од кој може да се забележи удвојување на...
Починат маж пронајден на улица во Скопје
Едно лице починато и еден труп во распаѓање се пријавени вчера во скопската полиција.
Како што соопшти МВР, В.З.(47) е пронајден мртов од негов роднина на улицата „Фуштанска“. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е пратено на обдукција.
Во напуштен објект, пак, на улицата „Гвадалахара“ е пронајдено телото на Е.И. (65) од Скопје,...
Лице со службена легитимација од МВР и пиштол му се заканувал на месар
Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.
По преземени мерки е утврдено дека се работи за В.А. (29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66), а случајот го пријавил Б.Ќ. (37).
Настанот е пријавен...
Рекорден број летови вчера над македонското небо
Над македонското небо вчера се забележани рекордни 1.007 летови, со што втор пат оваа година се надмина бројот на летовите, велат од М-НАВ за МИА.
Директорот на М-НАВ Николче Тасески изјави за МИА дека вчера се остварени вкупно 943 прелети и 64 операции на аеродромите во Скопје и Охрид.
- Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст...
МД „Илинден“: Етничката и верска припадност на пописот во Албанија да биде задолжително
Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо го поздравуваат чекорот на албанските власти на формуларот за попис, што ќе биде спроведен во 2020 година да има графа за етничка и верска припадност на граѓаните.
Сепак, како што стои во соопштението, бараат изјаснувањето да биде задолжително, а не незадолжително.
- Од името на Македонците во Република Албанија, ја поздравуваме одлуката на...
Приведени четворица кумановци кои фрлале шишиња во дискотека во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле јавниот ред и мир.
Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП-ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на...







































