Поддршка за иновативни проекти или за иновативни научни трудови?

Наспроти леснотијата со која Фондот за иновации ги дели парите за компании, нашите научници многу тешко доаѓаат до пари за иновативни проекти. Од година на година средствата што се определуваат за наука, за иновации сѐ повеќе се намалуваат, што укажува дека се намалува и државниот интерес за развој, за иновативни технологии што ќе направат револуционерен пресврт на пазарот... Каде одат...

Скопје одбележува две години од поплавите во кои загинаа 22 лица

Скопје денеска одбележува две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. По тој повод, под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“,...

Политички препукувања за тендер за Аква парк во Гостивар

Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната гарнитура на локалната самоуправа дека манипулира со јавните набавки и при тоа ги прекршува постапките. Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрла овие наводи и децидно вели дека сé е според законските прописи. Во последното соопштение до јавноста од гостиварскиот огранок на ДУИ наведуваат дека последниот тендер за избор на предлог проект за аква-парк бил...

Автомобил излетал од патот Неготино-Кавадарци, возачот повреден

Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена. - Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, истакна Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Повредениот возач бил однесен на лекување во Клинички центар - Скопје.

Стапуваат на сила американските санкции против Иран, ЕУ на удар

Од денеска стапуваат на сила американските санкции против Иран, откако администрацијата на Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран, склучен во 2015. Санкциите се однесуваат на финансиските трансакции, увозот на суровини, како и на автомобилскиот сектор и комерцијалната авијација, јави дописничката на МИА од Брисел. Од ноември треба повторно се воведат и санцкиите врз увозот на...

Правосудството прво под лупата на ЕУ

Состојбата во правосудството, реформите во оваа сфера, законите, колку во земјава има владеење на правото, транспаретни и ефикасни судови, непристрасни судии и јавни обвинители, департизација и правосудни органи во служба на граѓаните, кои треба целосно да ги уживаат своите човекови права ќе бидат во фокусот на почетокот на скрининг процесот за подготовка на земјата за пристапни преговори со ЕУ. Поглавјето...

Сончево време со слаб ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец. Максималната дневна температура, според УХМР, ќе се движи меѓу 25 и 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.  Во Скопје не очекува слично време, со утринска температура до 17, а максималната дневна ќе достогне 34 степени Целзиусови.  Во наредните...

МВР: „Ренџ роверот“ бил управуван од полициски службеник со соодветен службен налог

МВР вечерва соопшти дека возилото „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, кое е во нивна сопственост, било управувано од полициски службеник и со соодветен службен налог. Како што стои во соопштението, тоа е утврдено во извештајот од Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди по извршените проверки. - По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер...

САД негираат вмешаност во експлозиајта со дрон во Венецуела

Висок претставник на Белата куќа негираше американска вмешаност во вчерашната експлзоија со дрон за време на говор пред армијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Можам да кажам дека САД и Владата на никаков начин не се вмешани во тоа-изјави Џон Болтон, советник на американскиот претседател за национална безбедност. Болтон додаде дека самата влада на Мадуро можеби е одговорна за експлозијата. –...

Миљо: Тачи сигурно има стратегија околу идејата за поделба на Косово

Поранешниот шеф на албанската дипломатија и универизтетски професор, Паскал Миљо коментирајќи ја изјвата на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите,оценувајќи при тоа дека тоа е дел добро елаборирана стратегија и тест на јавноста,пред да ги почнат разговорите за договорот меѓу Косово и Србија Тој вели дека се согласува со изјавата на Тачи, но се прашува која...