Албанската полиција заплени голема количина марихуана и арсенал оружје

Албанската полиција, во рамки на акцијата „Вјоса“ заплени голема количина марихуна и арсенал оружје. Според полицијата, во близина на селото Лешње кај Мемалија, во место обраснато со грмушки и дрвја, во близина на реката Вјоса, открила две комби возила, со фалсификувани регистарски таблички и заклучени. „При контрола на возилата отркиени се околу 1.500 килограми марихуана, 16 парчиња огнено оружје и тоа...

Тачи реизбран за претседател на ДПА

Мендух Тачи на денешниот семди конгрес на Демократската партија на Албанците, кој се одржа во Тетово, беше реизбран за претседател. Тој пред присутните истакна дека ДПА во периодов што следи ќе се залага да се имплементира Договорот за името со Грција кој, како што рече е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските интеграции. - Договорот со Грција е...

НАТО во Албанија ќе гради водухопловна база за Западен Балкан

*НАТО во Албанија  ќе гради воздухопловна база за Западен Балкан, објави на неговиот профил на фејсбук премиерот Еди Рама. „Северноатлантскиот совет ја одобри одлуката да се изгради во Албанија првата воздухопловна база во Западен Балкан. Со средства од Северноатлантската алијанса и во партнерство со Владата на Република Албанија, НАТО ќе инвестира над 50 милиони евра, само за првата фаза од...

Магдевски потпиша едногодишен договор со МЗТ

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје. Тој во клубот од Аеродром доаѓа како слободен кошаркар, откако минатата сезона настапуваше во тимот на Гостивар. Од МЗТ очекуваат 22-годишниот плејмејкер да му помага на Американецот Лестер Медфорд во организацијата на нападите. Сезоната МЗТ ќе ја почне на крајот од септември со настапот во АБА 2 лигата, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува...

Медиуми го објавија идентитетот на убиениот во Кабул, МНР сѐ уште нема официјална потврда

  Министерството за надворешни работи се уште нема официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста за македонскиот државјанин кој беше киднапиран и убиен во Кабул, а некои медиуми веќе објавија дека жртвата е 37-годишен жител на скопското село Љубанци. Според објавите во странски медиуми завчера, македонскиот државјанин заедно со уште две лица од Малезија и Индија, биле киднапирани и...

„Аеросмит“: музичка атракција на токсичните близнаци Тајлер и Тајлер

Бренд-концепти: Музички икони (25) Најважните и највозбудливи моменти во историјата на популарната музика во 20 век се моментите што претставуваат уривање на ѕидовите на различните култури, традиции и обичаи, кои истовремено се нови звучни мостови помеѓу луѓето и така стануваат основа за надминување на другите значајни разлики. Низ овие процеси најмногу се работеше за премостување на јазот меѓу европската и...

Вучиќ: На повидок нема компромисно решение за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека компромисно решение за Косово не е на повидок и дека не е оптимист во врска со ова прашање. На новинарско прашање за тоа што е конечнокомпромисно решение за Косово за кое сите постојано зборуваат, Вучиќ вели: - Конечно ќе биде тогаш кога ќе биде конечно, а не пред тоа. За тоа ќе зборувам ако...

Неколкуилјадна публика за елитата на светската електронска сцена

И оваа година забавата во Охрид поминува во знакот на концертите и забавните содржини што ги нуди фестивалот „Охрид колинг“, чиј организатор „Авалон“ и овој пат донесе познати музички ѕвезди и звучни имиња од светската електронска сцена. Првите два од трите закажани концерти на фестивалот забележаа огромна посетеност, како што велат оттаму, рекордна публика од над 10 илјади посетители...

Концерт на Симон Трпчески во Калифорнија

По распродадените концерти, полните сали, овациите од публиката, но и од критиката на настапите од турнејата низ Австралија и Нов Зеланд во текот на минатиот месец, нашиот пијанист Симон Трпчески ја продолжува соработка со македонскиот композитор што живее и работи во Велика Британија, Панде Шахов. По импресивниот прием на проектот „Македонисимо“ во светот, овој победнички тандем пред американската публика...

„Синтезис“: Програмата за вечерашниот концерт соодветствува на значењето на „Охридско лето“

Програмата за вечерашниот концерт е внимателно избрана за да соодветстува на еден толку важен датум и на уште поважна институција каква што е „Охридско лето“, истакнаа на прес-конференција членовите на етногрупата „Синтезис“, која вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе одржи концерт за 58-от роденден на нашата најголема музичко-сценска манифестација. - Чест ни е да настапиме денеска....