Руска амбасада во Тирана: Косовското прашање да се реши врз основа на Резолуцијата 1244
Амбасадата на Руската федерација во во Тирана, во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово,оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Исто така стои дека Русија инсистира на реализација на сите договори постигнати во рамките на разговорите Белград-Приштина и никогаш нема да...
ООУ „Гоце Делчев“ во Центар ќе добие нова енергетски ефикасна фасада
Стартот на новата учебна година на први септември, учениците од општинското Основно училиште „Гоце Делчев“ ќе го дочекаат во реновирано училиште и ќе добијат поквалитетни услови за образование и престој.
Општина Центар соопшти дека ја почна реконструкцијата на фасадата со што училиштето ќе добие комплетно нова енергетски ефикасна фасада, што ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија.
Ова центарско општинско...
Инвестиции во чисти технологии и борба против еколошки криминал во Делчево
За теми поврзани со унапредување на заштитата на животната средина, меѓу кои и потребата од спроведување на кампања за подигање на јавната свест во врска со регионалниот систем за управување со отпад што ќе се воспостави со проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и ЕУ, проектиран во рамки на ИПА програмата разговараа државниот секретар во Министерството...
Поранешен светски шампион почина во сообраќајна несреќа во Кенија
Поранешниот светски шампион на 400 метри со пречки, Кениецот Николас Бет почина на 28-годишна возраст во сообраќајна несреќа.
Бет само што се врати од Националното првенство во Нигерија, загина во судир со автомобил во градот Нанди, северозападна Кенија.
Ќе остане запаметен по тоа што пред три години на Светското првенство во Пекинг на Кенија и го донесе првото злато на патека...
НАСА испраќа летало до Сонцето
Откако спушти робот на Марс и испрати сонди во прелети покрај други планети, НАСА е подготвена да лансира вселенско летало до Сонцето.
Соларната сонда „Паркер“ ќе биде лансирана во сабота од космодромот Кејп Канаверал. Тоа ќе биде почеток на мисијата со цел решавање на загатките кои ги збунуваат астрофизичарите цели 60 години.
Паркер ќе биде прво летало што ќе ја достигне...
Грчките медиуми ја пренесуваат анкетата за референдумот во Македонија
„Анкета - ПЈРМ: Водство на оние што би гласале „да“ на референдумот“; „Со 41.5% е во предност „да“ за прашањето за името на ПЈРМ, според анкета“; „Поделени граѓаните во ПЈРМ во пресрет на референдумот“; „Истражување – ПЈРМ: Водство од 6.5% за „да“ за Договорот од Преспа“; „Во Скопје, во водство е „да“, избори се можното сценарио“, се дел од...
Искривени бандери и виснати кабли зад Млечен
Со искривени бандери и виснати кабли живеат граѓаните во скопската населба Тафталиџе. Ситуацијата што ја начекавме кај уличките Анкарска, Римска, Наум Евро, Дрезденска и Атинска не ѝ прилега на една современа градска населба. Во почетокот на jуни Скопје го зафати невреме, во кое имаше триесетина паднати дрвја и бандери. Од таа причина одговорните ги санираа штетите и најавија дека...
Македонија го стега обрачот против тероризмот
Министерството за внатрешни работи, во соработка со партнерите од глобалната коалиција за борба против тероризмот и „Сириските демократски сили“, во текот на изминатото деноноќие приведе седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и во Ирак
Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, нема организиран радикален исламизам, но постои можност...
Како да препознаете вистинско ладно цедено маслиново масло
Иако ладно цеденото маслиново масло знаеме да го платиме и неколкупати поскапо, сепак не сме сигурни дека не сме добиле мешавина од соино или друго поевтино масло. Ќе објасниме како да го препознаете оригиналното бидејќи тешко е да се утврди само по вкусот. Дури и стручњаците знаат да бидат збунети. Но, сепак, постојат два начина.
Како да утврдите вистинско ладно...





































