Увезени генетски модифициран ориз и соини шницли, но не биле во продажба
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открила дека во Македонија се увезени два генетски модифицирани производа, ориз и соини шницли и трошки без да бидат декларирани.
И кај пченка за пуканки биле утврдени генетски модификации, но само со првичната анализа. Втората, суперанализа, направена во референтна лабораторија, била негативна. Покажала дека пченката не е генетски модифицирана.
Како што изјави за МИА директорот...
Температурите денеска до 36 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и...
Епл: Нашите уреди не ги прислушуваат корисниците
Во писмо адресирано до републиканскиот претставник на Орегон, Грег Волден, Епл експлицитно потврди дека нивните уреди не снимаат никаков звук без знаење и дозвола на корисникот, туку само следат гласовни команди како „Еј, Сири!“
Исто така „Сири“ не споделува никаков говор од корисниците, а што се однесува до други апликации, тие прво треба да побараат дозвола и треба јасно да...
Авионска дезинсекција против комарци викендов
Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август (сабота и недела) во раните утрински часови, а терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август (од недела до четврток) во периодот од 23 до 4 часот наредниот ден.
Ова го соопшти РЦУК - Скопје по известување од Град...
ОН: Војната во Сирија предизвика штета од 400 милијарди долари
Војната што почна пред повеќе од седум години во Сирија причини штета од околу 400 милијарди долари, соопштија денеска Обединети нации.
Проценката на ОН е објавена по состанокот на повеќе од 50 сириски и меѓународни експерти кои во Бејрут, организиран од Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЦЕСАО).
ЦЕСАО наведува дека разурнувањето во Сирија чини повеќе од 388...
Во Норвешка надминат температурен рекорд стар 71 година
Во реонот на норвешкиот главен град Осло денеска, 65 ден по ред, е измерена температура од над 25 степени Целзиусови, со што е надминат досегашниот рекорд во времетраење на последователно високи температури од 1947 година.
Норвешкиот метеоролошки институт инфромира дека новиот рекорд е постигнат по 71 година на мерното место во Бускеруп, западно од Осло.
Паралено со температурните рекорди во јужните...
Антонио Гутереш повика на нуклеарно разоружување
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска од Токио ја повика меѓународната заедница да преземе конкретни чекори за нуклеарно разоружување.
- Неопходни се конкретни активности за нуклеарно разоружување и прифаќање на Конвенцијата за забрана на атомското оружје, што потоа ќе може да се искористи како средство за притисок за преземање на ефикасни и позитивни мерки во врска со тоа прашање,...
САД воведуваат нови санкции кон Русија
Стејт департментот соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија поради употреба на хемиско оружје во обидот за атентат на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето од болница тие се префрлени...
Новото кралско руво од пластичен отпад
Новиот дрес на шпанскиот тим Реал Мадрид е направен од рециклиран океански пластичен отпад, објави англискиот весник „Метро“.
Компанијата за спортска опрема „Адидас“ го презела предизвикот за заштита на океанот од загадувањето со пластични објекти кои доаѓаат од домаќинствата. Таа е партнер со еколошката организација „Парли фор д оушнс“.
Алтернативниот дрес на освојувачот на Лигата на шампионите е во црвена боја....
Повеќе делови на Скопје утре без струја
Без електрична енергија утре од 8 до 10 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и „Капиштец“ во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 8 до 15.30 часот ќе останат и корисниците од улица „Дебарца“ бр. 46, Буњаковец,...







































