Мицотакис: Ципрас наместо да организира фиеста, да распише избори
Наместо да организира фиести, Ципрас на 20 август да распише избори, порачува лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во интервју за „Athens Voice“.
Kако што јави дописничката на МИА од Атина, конкретниот датум, за грчката влада е денот кога земјата излегува од кризата и завршува со последниот меморандум, а беше планирано да се организира свеченост, меѓутоа, по катастрофалните пожари...
Резултатот од анкетата за референдумот предизвикува доза на оптимизам
Разликата од 6,4 проценти во корист на анкетираните граѓани во Македонија кои би дале поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот од Преспа“, се чини предизвикува доза на оптимизам во Атина и Скопје.
Ова е оценката на дел од грчките медиуми кои ја пренесуваат анкетата за референдумот во Македонија. Според резултатите...
Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок
Силен земјотрес со интензитет од 6,2 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Ломбок каде во неделата имаше земјотрес од 6,9 степени по Рихтеровата скала.
Земјотресот бил на длабочина од 12 км и епицентар во североисточниот дел од островот. Тоа е трет силен потрес во Ломбок за нешто повеќе од една недела.
Локалните медиуми јавуваат за урнати објекти.
Во претходниот потрес загинаа најмалку...
Бибер: Идејата за бојкот на референдумот е евтин потег
Договорот од Преспа за името заслужува широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за политички поени, вели во интервју за МИА, Флориjан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац.
- Ваков договор во идеална смисла би требало да има широка општествена и политичка поддршка....
Протест во Косово за запирање на убиствата и насилството врз жените
Под мотото „Стоп за убивањето на жените и девојчињата“, активисти за човекови права, организирани од Мрежата на жени на Косово (МЖК), во понеделник, на 13 август, ќе организираат протест во Ѓаковица по повод убиството на една жена и на нејзината 9-годишна ќерка, што се случи на 6-ти овој месец , јави дописникот на МИА од Приштина.
Организаторите на протестот повикуваат...
Спанковците имаат зголемен ризик од прерана смрт
Луѓето кои премногу спијат имаат поголем ризик од прерана смрт отколку оние кои спијат премалку, се наведува во студијата која ја спроведоа научници од универзитетите Кил, Манчестер, Лидс и Ист Англиа.
Експертите открија дека спиењето подолго од осум часа е поштетно од тоа ако спиете помалку од седум часа.
Во студијата, со која беа опфатени 3,3 милиони луѓе од целиот свет...
Достоинството е најскапоцено нешто
Македонскиот манифест со јавно обраќање до македонскиот народ се осврнува на, според нив, понижувачкиот референдум на 30 септември, со цел, како што се вели, уште повеќе да бидат понижени родољубивите и чесни Македонци. Пример за тоа е референдумското прашање, кое е лукаво и крајно перфидно компонирано од три во едно прашање и кое, како што знаеме, гласи: Дали сте...
A каде беше ти?
Зошто морам да им се извинам на моите родители? Затоа што им ги остававме нашите деца во текот на летото, не размислувајќи колкава одговорност им товариме на грбот. За волја на вистината, секое лето по завршетокот на учебната година и тие мене ме носеа или праќаа во село кај родителите на мајка ми, каде што со постарите братучеди и...
Летна печалбарска разгледница
И ова лето, како и изминатите, сѐ е во знакот на печалбарите и на свадбите. Раздвиженоста е за неколкупати зголемена во споредба со претходните месеци. Печалбарите ја зголемија потрошувачката во маркетите, бутиците, во продавниците за златен накит, во угостителските објекти, во градежните складови...
Неколку илјади печалбари од Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, од прекуокеанските држави, САД, Канада и Австралија, летово го...
Транспарентот за Македонија во Солун би можел да го чини ПАОК?
Навивачите на грчки ПАОК за време на синоќешниот дуел во Солун против Спартак Москва (3-2), во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, предизвикаа неколку инциденти.
Првиот инцидент се случи кога руските новинари кои дојдоа да информираат за овој меч, беа нападнати на стадионот на влезот во прес-ложата.
Потоа за време на мечот се користеа ласери за попречување на гостинските...







































