Фернандо Алонсо става крај на кариерата во Формула 1
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1. Шпанецот објави емотивно видео за збогум на својот Твитер профил, а истовремено со тоа Мекларен официјално ја потврдија веста.
-Мекларен Рејсинг ги потврдува денес информациите дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо нема да се натпреварува во Формула 1 во 2019. Фернандо, кој наполни 37 во јули, се натпреварува во својата...
Тачи очекува Меркел сега да се заложи да го признаат Косово тие кои се уште не го признале
Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел за неменливост на границите во Западен Балкан, но нагласи дека сега очекува таа и другите од Европската унија (ЕУ) да се фокусираат кај земјите кои го немаат признаено Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На вчерашната изјава на Меркел, која беше индиректно, но многу јасно, насочена...
Иванов ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори”
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори", во рамки на која 13 студенти од април до август годинава имаа можност да се запознаат со работниот ден на неколку менаџери од Македонија.
Програмата се реализира за прв пат во Македонија, а меѓу менаџерите кои што ја спроведуваа обуката...
Амнести: Да престанат игрите со животите на бегалците
Невладината организација Амнести Интернешнл - ЕУ упати остри критики кон земјите членки на ЕУ кои четири дена одбиваа да го примат бродот “Аквариус“ во своите пристаништа бара од земјите да „престанат да си играат со животите на бегалците“, јави дописничката на МИА од Брисел.
По четири дена лутање во Медитеранот, хуманитарниот брод “Аквариус“ кој трага и спасува мигранти во Медитеранот...
Сугарески: Не е точно дека Владата намерно го поништи тендерот за евтини летови
Не е точно дека Владата намерно го поништи јавниот повик за доделување финансиска поддршка за евтини летови, истакна попладнево на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Реагирајќи на денешните обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, министерот Сугарески посочи дека Комисијата што ја водела постапката за јавниот повик постапила согласно сите законски прописи и процедури.
- Комисијата што ја водеше постапката постапила согласно сите...
Виртуозот Исмаил Лумановски – Смајко со концерт на Хераклеа
По извонредниот концерт на битолската поп дива Каролина, четврток љубителите на музиката во Битола и регионот ќе имаат можност да уживаат во уште еден музички спектакл.
Во рамките на битолското културно лето “Бит Фест 2018” а во организација на битолското комерцијално радио Радио Б -97 и покровителство на Опшштината Битола, во античкиот театар Хераклеа в четврток, на 16 август,...
Со европски пари нова канализациска мрежа во Општина Кичево
По изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Општина Кичево, со европски пари наскоро ќе почне изградбата на уште еден капитален објект, со кој во градот и селата ќе биде изградена нова примарна и секундарна канализациска мрежа, со што ќе бидат надминати постоечките проблеми од тесните грла, а Кичево ќе се впише во картата на еколошки градови на...
Манџукиќ го објави повлекувањето од хрватската репрезентација
Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.
Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија.
„Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го направам овој важен чекор“, напиша меѓу...
„Економист“: Најдобриот град за живот е Виена
„Економист“ објави листа на 10 градови, кои се најдобри за живот и 10 во кои не е ниту малку пријатно и сигурно да се живее.
Виена првпат го симна Мелбурн од врвот на листата на светски градови најдобри за живот, покажа истражувањето на „Економист интелиџенс јунит“
Виена и Мелбурн секоја година во истражувањето на „Економист“ беа во мртва трка за титулата...
Општина Гостивар определи локација за продажба на добиток за Курбан Бајрам
Локалната самоуправа во Гостивар определи локација на која ќе се продава добитокот за претстојниот празник Курбан Бајрам во градот. Сточарите и сопствениците на добиток, како продажно место без надоместок ќе може да го користат паркингот на големиот градски пазар.
Од општина Гостивар наведуваат дека со оваа мерка сакаат да се придонесе кон поголема чистота и ставење во ред на продажбата...






































